Каде можам да го најдам овој сапун?? На 4-5 места го побарав низ Скопјево не можев да го најдам. Баш ваков ми треба, без мирис да е. Овој е многу добар за интима, многу го фалат.
Здр девојкиии, ми треба препорака за интимен гел, со некој стварно добар, благ мирис....шо трае повеќе време, без несакани последици, може и од ДМ да е..
Здраво драга, може да го пробаш овој на Леврана кој е многу свеж и нежен 410 мкд. Или овој на Organic Ktchen кој има многу пристапна цена 245мкд
Јас го пробав гелот, добар е меѓутоа многу е мала количината во однос на цената. Искрено не направив голема разлика од други гелови.
Мене не ми одговараа Jessa ни гелчињата ни сапунот. Читав сега низ темава па ќе земам некој од овие: Carefree, Frezyderm, Lactogyn, Corine de Farme, Eucerin. Па ако имате препорака/поплака споделете
Од Eucerin сум задоволна а од Corine de Farme не баш. Не се лоши ама далеку под Еуцеринот се. @sonceimesechina
И јас го имам пробано и ми де допаѓа, затоа што е природен без сулфати, без оној SLES, нема парабени и има 7 билки. Мене цената не ми пречи искрено, давам пари и за поскапа козметика, а и имаат редовни попусти Јас користам me&she, задоволна сум, затоа што барав природен производ, без иританси. Последно беа на попуст од 25% и таман ми испадна