Се едуцирам, учам постојано нови нешта без разлика на која тема. Нема ништо срамно во тоа што знам. Сето тоа може некој ден да ми се најде во животот.
Можеби си барала на погрешно место. Оние би требало да ги има во секој добро снабден супермаркет. Имаат и такви влажни марамици.
Ме фати нерва, ми текна дека сакам и ајде трк до аптека, немам во близина маркет, утре ќе отидам да побарам и такви.
Овие од зегин па ама лажат, нема грешка најбаран. Фризи ги форсираат што и да побараш препорака од нив прво ти вадат.
Неам појма,мене ми падна смешно кога ја видов амбалажата и поврзав зошто највеќе се трошел Малку сатира
Леле, исто и мене овој ми го препорачаа во Зегин, со истите зборови дека им е најбаран. Го зедов, искрено не знам колку бев задоволна, најомилени ми се на Jessa и не мислам дека би ги заменила, иако имам пробано и други. Сите производи на Фрези дерм имаат иста амабалажа, имам користено паста за заби со иста амбалажа, врвот најгоре и беше силиконски. Уште тогаш ми падна интересно.
Ти да не беше пред мене у Зегин? П.с. џабе добар производ ако не чини амбалажата ,а оваа повеќенаменска
Досега овој ми е врв. А втората слика е за да се надоврзам на коментарите од погоре Има гелови и за мажи, само кај нас е табу тема