На времето коа работев во аптека и ќе им го посочев, ме гледаа ко да сум кловн Можеби е променет ставот последниве години.
Ја не користам ниту сум користела интимни гелови, а уште помалку дезодоранси. Единствено за дневна интимна хигиена користам Бекутам, сапунче кога се туширам Дав, гел за туширање. Не ја разбирам целта на користење дезодоранс таму дооу, пред се не ја сфаќам неговата цел. Нели е подобро кога некој ќе ве душне таму долу да му замириса на тоа што треба а не на дезодоранс. Ваљда не му се дига на дезодоранс? А не сум сигурна колку убаво мириса кога дезодорансот ќе се помеша со природниот мирис на вагината. Мислам дека користењето на гелови, дезодоранси за интимен дел повеќе зборува за структурата на тие личности отколку за некаква корист од нив. Несигурноста не се прикрива со дезодоранс туку се работи на себе. често пати таквите личности не можат да се опуштат и имаат проблем со доживување оргазам.
Вчера бев на гинеколог, ме направи лом за интимните гелови. Во никој случај да не сум користела само Бекутанче сапун и толку.
Не е муабетот дали му се дига или не на некој туку заради самата себе да не си смрдиш на риби. А ова со бекутан сапунче е полошо од интимен гел кој е толку понежен а сапунот е сапун иако е бебешки и повеќе исушува. За дезодоранс и јас не користам.
Мене па баш ми препорача уште веднаш и тоа после породување. Јас користам Vidermina и сум презадоволна. А за сапун знам дека pH вредноста не е иста со pH на интимните гелови.
Гинекологот нема поим што зборува.Бекутан е еден од полошите брендови. Никогаш не би користела сапун, затоа измислиле интимен гел.Интимниот гел треба да има природен состав има многу такви на пазарот.Твојот гинекологот живее во минатото со бекутан сапун.Интимниот гел се користи за одржување хигиена не треба да има никаков мирис како што очекуваат многу жени.
Мене па од овој бело прање ми се појавува. Друг немам пробано. Со бебешки сапун се мијам ама не е тоа тоа.
Од овој сум многу задоволна. Имам пробано на Еуцерин ама наместо да заштити и кај мене секрет од него се појави. Исто и тој на Лактогин не е добар.
Ако вагината ви мириа на риба, расипано јајце или слични непријатни мириси, до степен да сами го чувствувате тоа веројатно се работи за бактерија или некој воспалителен процес, кој може да биде од гинеколошка причина или уринарен, односно бактерија или воспалителен процес на уринарните патишта. интимниот гел тука нема да ви помогне. Да, може на кратко да го маскира мирисот но тоа не го решава проблемот, тоа ти е исто како да пиеш антипиретици за воспалено грло или бели дробови, наместо антибиотик. Да за кратко ќе ја намали температурата но не го рашава проблемот. Во принцип родницата сама се чисти додека вулвата, надворешниот дел доволно е само да ја измиете со вода. Вагината кога е здрава има некаков фин неутрален мирис, а не на риба, јајца.... Девојки посетувајте гинеколог, не е ништо страшно, не се решава стоматолошки проблем со средство за плакнење уста, ниту гинеколошки проблем со интимен гел.
Не ни мириса на ништо доколку секојдневно се одмиваме, и да се мијам само со вода нема да има мирис ама ми е нехигенски без гел. Не се правете експерти "девојки" на работи кои сите ги знајме
Има интимен гел за мажи во ДМ или некоја друга продавница за миење кај нас? Јас со шампон се мијам, ама не знам дали нешто штети тоа.