Dermoxen се врв производи, мислам дека пишав еднаш, ама еве нека има пак. Има за интимно измивање на жени, деца, мажи и за хемороиди.
Може ли да ми препорачате некое интимно гелче од коешто сте задоволни? До сега само со сапун бебешки се имам миено, а имав подолго време бело прање па не би сакала пак да ми се појави.
Lactogin или Glizigen гел земи си супер се И спрејот на Glizigen е супер јас го користам за многу работи е ,а на природна база е ..пробај го или прашај во аптека за мислење
Еуцерин. Имам користено разни, но многу сум задоволна од еуцерин гелот. Онака како бренд ич не го сакам Еуцеринот, од крема за лице имам добиено страшно црвенило.
Колку долго го користиш? Во потрага сум по некој добар. Јас го користев на Jessa тој со розево капаче, па од нигде никаде фатив кандида. Престанав да го користам гелот некои 2 месеци откако ја излечив, па почнав пак да го користам и пак ми се врати кандидата. Го фрлив од тогаш и фала Богу немам никаков проблем, сигурна сум дека беше од гелот. Ми е страв сега да пробам некој друг.
Јас го користам истиот гел веќе 2 години, задоволна сум немав никакви иритации се беше ок. Знам и жолтиот да го земам ако немаат залиха дури и подобар е.