Јас го користам од Нивеа, и многу сум задоволна, не би го менувала. Единствено што сакам да пробам од Еуцерин, и мене многу ми го пофалија.
бебешка купка бекутанче, и немам никакви проблеми, некогаш и со обичен сапун, не ми има некоја разлика, ама од мајка ми ми останало во навика со бекутанче
Користам пенливо средство за деца Бекутан, супер е. Сум користела разни гелови и кремови за интимна нега али од сите ми се правеле инфекции па одлучив да прејдам на бебешко
Јас сега преминав на овој од Џонсон&Џонсон , ми здосади толку години нивеава, и да ви кажам баш ми дојде убаво променава Ми дава убаво чувство на свежина кое долго трае - ќе ме земат за рекламата, нели? озбилно, супер ми е гелов
Користите ли нешто од ова??? Особено ми привлече внимание Дабл Ефект. Ги има ли кај нас и кај може да се купат производиве? Денес барав во Веро супер ама не најдов 100% спокојство: ја одржува хигиената и смирува * со млечна киселина, алое вера и пантенол * ефективно ги смирува иритациите * без алкални сапуни * без бои * марамчиња за интимна хигиена: без алкохол и сурфактанти /површински активни соединенија/ ПРВИОТ ЛОСИОН ЗА ИНТИМНА НЕГА СО ДВОЈНО ДЕЈСТВО Нежно одржување на хигиената и деликатно бричење на интимната област со еден производ! Сега и жените можат да уживаат во освежувачко нежно одржување на хигиената и деликатно бричење на интимната област само со еден производ - NIVEA Intimate DOUBLE EFFECT. Формулата со масло од авокадо формира богата и нежна пена, која штити од воспаленија и помага за деликатно бричење на интимната област.
користев нивеа сензитив после користев ASAN и кога бев на одмор бев на гинеколог во македонија ми каза само со млака вода ниту сарун нисто посто ни се иритира и ни се суси и сеа не користам еве 3 месеца нисто освен малака вода и осекам промена
Секогаш користам интимен гел, освем кога имам добиено, зошто ми имаат кажано дека не е препорачливо, инаку ги користам интимните гелови на авон, затоа што мајка ми ги купува нив, и задоволна сум, кога би избрала да купам некој од др фирма, дефинитиво тоа би била нивеа
Имам користено порано Нивеа сензитив, ама секогаш се враќам на Dove. Lactacyd влажните марамици ми се супер, поготово кога патувам или кога сум излезена.
Ги има во супер тинекс баш вчера ги гледав, и јас порано користев нивеа, сега корстам од нивеа и имам едно дома од докторс и тоа ми е убаво, свежо мириса
Само млака вода, без сапунче. А си користам бебешки влажни марамчиња. Многу доктори имам прашано за интимната нега и секој дава совет да не се користат гелови, спрејови или сапуни бидејќи предизвикуваат алергиски реакции, иритации и сл. Еве цел живот си терам вака и си немам проблем со миризбата.
Интимните гелови не се препорачливи, ама гледам дека сите ги користите. Па затоа после секоја втора е со кандидијаза, или некаква инфекција. Девојки, со тоа секојдневно миење на вагината со такви сапуни и гелови само си правите проблем, не и давате на вагиналната флора да функционира како што треба.
Исто и јас, ако се поминам само со вода ко да не сум се измила. Ама според мене подобро е макар со вода да се измиеш отколку само со влажно марамче да се бришеш. Плус за интимната област си има посебни влажни марамчиња, не треба да се користат секакви