Најчесто бекутан камилица. Сега си купив нивеа од бадем, но планирам да си ја користам само како купка за правење пена кога ќе си лежам во када со љубениот .
Ја има во аптеките и поголемите маркети,изгледа скоро излезе на нашиот пазар не е доволно позната,барем јас не знаев до пред некое време бидејќи ја користев подолго време интимата од авон.
Секаде го има. Нивеа интима гелот постои мнооооооогу одамна. Зар мислите фирма како Нивеа сега издава интимен гел? Можеби постои и пред Авон. Иначе јас го користам розевиот и задоволна сум.
Во право е росонерка, геловите од Нивеа се од многу одамна. Ако се навратите неколку страници ќе видите дека го имам препорачано розевиот. Само ми е чудно да прашувате каде ги има, како може да не ги приметите низ маркетите и аптеките?
користам гелови за туширање од авон и орифлејм но незнам некако не ми се сигурни па планирам да си го купам на нивеа
Пред мекој ден барав во новото Веро ама не најдов. Па викам штом таму ги нема , кај ли се продаваат ?!
Oд време на време користам Бекутан влажни марамчиња,ама и нив сега поретко, ај дека бремена да не употребувам се и сешто. А дали е препорачливо со Бекутан бебешки шампон?
мене гинекологот ми рече дека најлошо нешто за интимните делови се хемикалии, посебно во менструалниот период..користев јас од орифлејм ама не сте свесни колку ми беше лошо....и за време на бременост не смее да се користи никакво средство за интимна нега...добро сапунот...ја суши кожата ама....не се може само со вода недај боже
Јас веќе втор месец го користам новиот интимен гел на Nivea Duble ефект и сум искрено најзадоволна до сега.
Јас користам интимен гел - INTIMO CLIVEN и сум многу задоволна од него. Сапуните не се добри предизвикуваат чешање, црвенило и сушење на кожата имав лошо искуство со нив.
Имав многу бело прање и тоа траеше со месеци, кога отидов на гиниколог го прашав од што е тоа толку бело прање ми рече дека само од интимните гелови, не ги користам веќе 1 година, се мијам често со камилица чај, и се бришам со влажни марамици бекутан.
Користам интимен гел уште оддамна и не се чуствувам убаво ако се измијам само со вода , како да не сум доволно чиста..незнам зашто Иначе си го користам секогаш на Нивеа розевиот иили зелениот сеедно , ама сега го купив и тој новиот double effect што е , и од него сум задоволна како и од првите два
И јас го користам овој , но многу тешко стана да го најдам,го купував од тинекс ама ретко кога да го начекам .купив нивеа со зелено капаче,ама не ми се допаѓа некако,многу ми ја прави сува кожата.после купив гел за деца од бекутан со камилица,ама и тој не ми се допаѓа.ако видиш кливен извести ме каде