Го користев долго од Нивеа .Последно добив голема колекција производи од странство во кои имаше и интимни гелови со висок квалитет. Кога си ги наредив во бањата милина А кога по потреба влезе мојот братучед гиниколог во истата бања ... истиот излезе со зборовите, ако сето она го употребиш на тебе... набрзо ќе не посетиш на гиникологија ... полна со инфекции , кандида и што уште не . А јас си правев пред две недели пап ...чисто ко солза ... Докторот гинико кажа ,чај од камилица и една лажичка содабикарбона... фрли сето тоа во канта... и ајде сега кој ќе се расправа со него Така кажа докторот варете си чај
Јас сум против интимните гелови. Голем број од истите ја уништуваат пеха вредноста на флората на интимните делови и доаѓа до нејзино уништување, дизбаланс и појава на разни инфекции. Замивањето со млака вода секоја вечер ќе даде подобри резултати во поглет на интимната хигиена од било кој интимен гел. Сите интимни гелови се на база на хемикалии и парфимирани супстанци. Затоа според мене најдобро е да се отфрлат
Сето ова за интимните гелови и креми го слушнав кога прв пат посетив гинеколог. Утрото си станав и си се замив со гел за интимна нега, па после си се намачкав со крема за интимна нега. Оние лилаковите од Орифлејм сигурно ги знаете. Патот под нозе и на гинеколог. Додека докторот ми го правеше пап тестот забележа дека имам намачкано нешто и ме праша што користам?! Ми објасни убаво дека сакајќи добро си правам лошо. Да ги тргнам од употреба сите гелови и креми за интимна нега. Јас пак уште на тоа, ама гинеколошки тестирани се. Ма какви тестирани одма во ѓубре. Ми спомна и за обичниот сапун (кој и онака го имав тргнато од употреба, за него со мајка ми веќе имавме разговарано) Од тогаш редовно се замивам со вода, но кога чувствувам потреба дека доле треба да се измијам убаво си користам бекутан. Барем знам дека не ми штети. Мака мачам понекогаш со кандидата но и за таа си го најдов лекот. Многу јогурт, се замивам со чај од камилица по неколку пати на ден, еднаш до два пати неделно си правам раствор од хиперманган. И си немам гајле. Сите гелови и креми за интимна нега скоро нови ги фрлив во ѓубре. Аха да, заборавив да напоменам дека штетни се секојдневни влошки (парфемирани) често носење танга и влажни марамчиња за интимна нега. Ништо од ова не користам веќе со години. Порано сметав дека ако користам се од наведеното, си правам добро и дека хигиената ми е на завидно ниво. Сум била во заблуда. Дури сега без сето ова се чувствувам свежо, чисто и здраво!
Користам нивеа интимен гел секој ден и неможам да замислам да се измијам само со вода. Прочитав доста мислења дека интимните гелови не се препорачливи и дека и штетеле на вагината, ама некако не ми оди во глава. Еве на пример кога се бањаш легнуваш во када во која има купка, шампон за коса и слични ствари. Значи вагината пак ти е во допир со хемикалии, може и многу појаки од интимите гелови. И која е логиката сега? Стварно не ми оди во глава.
Па ако легнуваш во када, нема логика, навистина, бидејќи купките и слични средства за бањање се навистина појаки од интимните гелови (демек - ама искрено, јас мислам дека се исти). А мене не ми е исто, бидејќи јас не легнувам во када, и никогаш и не би, едноставно, не сакам. Подобро ми е бањањето во туш кабина.
Девојки да ве прашам,бидејќи некои кажаа дека се мијат со чај од камилица,колку чај варите? Планирам да се измијам со тоа сега ама не знам колку да сварам,дали треба да отстои...
http://media.photobucket.com/image/cliv ... 00ml-1.jpg да ве прашам, дали некој го има користено овој гел за интимна нега, јас сега го купив и не сум го пробала. задолни сте или?
Вариш чај колку што сметаш дека ти е потребно за да се измиеш, барем јас така правам, и ако не ти претставува тешкотија а сметам дека нема ( најубаво наутро ) секое утро.
Јас не сум задоволна од CLiven производите....млекото за тело ми ја исуши кожата уште толку...не би ризикувала со интимен гел.....
Лина јас почнав да го користам гелов. Немам никакви лоши реакции за сега, само што ми мириса на заболекар. Само не употребувај го баш на секое миење, прескокнувај барем на две. Така јас правам да не биде пречесто со гел, пошто и онака не се ич препорачливи.
Јас неможам да замислам да се измијам без интимен гел. Или со интимен гел или со бебешко сапунче зависи... И во едната и во другата "дома" си имам оставено по еден за секој случај да не снема На одмор кога отидов заборавив да купам па тетка ми која доаѓаше 3 дена после тоа ја задолжив обавезно да ми купи. Незнам не се чуствувам убаво ако се измијам со вода, барем еднаш мора. Знам дека сите интимни гелови се со намалена pH вредност така да не би требало да се до тоолку штетни. Иначе го користам ова Спојлер
Jaс го користев долго време неколку години и ми беше преубав ,сега сменив со бебешки шампончиња се мијам,ама од кливенот никогаш не ми се појавила некоја несакана реакција нити ми ја сушел кожата и сум била презадоволна од него,и од нивеа ми милион пати поубав...сега види кај тебе,ама не би требало да има ништо оти е многу нежен,а мирис нема некој јак
EUCERIN- од сите што ги имам користено најдобар е! Малце е поскап ама многу долго трае, зашто се става многу малку.
Го користев Нивеа интимниот гел и УЖАС!!! Ми се јави чешање невидено значи мислев кој знае што сум фатила. бев на гинеколог и ништо не ми најдоа, добри беа наодите, па гинекологот одма ме праша дали сум користела гел и рече дека од тоа било...така да од тогаш си се вратив пак на бебешките производи.
а кога се користи гелот треба миенје само однадвор или и внатре??? јас дове досега користев а некогаш и бебешки шампончиња ама кандидата ме јаде сега ја немам фала богу ама бело прање и миризба имам па незнам кој пат да го фатам гел или нешо друго??