Женски, дали некоја може да ми препорача место во Прилеп кај што депилираат со шеќерна или ладен восок, само да е чисто , хигиената ми значи во случајов
Била ли некоја од вас во новоотвореното студио Goldengirls во Скопје, населба Капиштец ? Гледам многу купони се изнакупени на групер... ме интересира како сте задоволни од девојките
Еве јас бев. Девојките се нови и неискусни. Ако сакаш депилација со чист восок, го топи во ѓезве и го притоплува цело време на плинско... Не ми ги извади сите влакна, ме испокуба буквално. И многу е спора некако, за тоа време и сама можам да се средам.
Фала многу на одговоров драга значи да не си го губам времето таму Во лејди М, под железничка одма, многу е добра девојката која работи со шеќерна... Ниту некоја голема болка чувствувам ниту иритации после... и многу е брза
Задоволна сум од Диор ама многу ми е далеку и не можам секогаш натака да одам. кој живее натака, да не се мисли ич. Инаку 500 денари се нозе целосно.
Пушти Џени јуначко срце и реши да си закаже депилација. Термин бирам сега, се мислам за почетокот на март, ако до тогаш не се предомислам... Толеранцијата на болка ми е рамна на 0, не знам дали ќе преживеам.
Хахахаха па некако немам веќе доверба по салониве , се расправав со бактерии ,чуда... Вака трпам , исто ми трае .