Топлата депилација е закон за интимниот дел. Со ладната депилација болката е многу поголема. Е сега тоа што нашите козметички салони користат претопен восок е друга приказна. Баш денес имам закажано третман за депилација и тоа со некој нов вид наречен филм восок, исклучиво наменет само за интимниот дел и најважното...бил само за еднократна употреба. Ќе споделам искуство приквечер ако преживеам.
Ива Студио, на Анести Пановски 9. (кај Ружа Делчева) Чисто е, без претопен восок и глупости. Сега имаат промоција, комплетна депилација (раце, нозе, интима, надусници, веѓи) за 600 денари.
Преживеав и позитивно изненадена. Не знаев дека во Битола сме имале ваков салон. Алур на Солунска над камен мост. Депилацијата повеќе ми изгледаше како масажа од препаратите што ги нанесуваа. За интимниот дел имав малку повеќе болка бидејќи предходно сум користела брич и влакненцата биле поцврсти. За восокот и хигиената немам коментар. Воопшто не претопуваат восок и се што користат е за една употреба. Девојката (за која покасно разбрав дека е 40 годишна мајка а изгледа помладо од мене ) ми објасни дека користеле најнов тип на восоци и биле први во Битола кои го работаат ова. Цената им е како обична депилација и само едно ми е жал. До вчера имале некоја промоција со бонус награди. Сум закаснала еден ден.
девојки, ајде кажете ми како да се справам со точките и подкожните влакна после депилација на интима и препони ..... се депилирав и со восок и депилатор и пак ги има,исто како да сум се поминала со брич ....
300 денари и верувај вреди за сите пари. Ќе се изненадиш од хигиената и професионалноста. https://m.facebook.com/profile.php?id=696836733792527
Каква е оваа маст (и која е цената)? Јас имам поткожни влакна на задниот дел од бутовите и не знам веќе како да се решам од нив
Гo пoрaчувaм oд ebay 10 еврa е килo вoсoк и aпaрaтoт ми е oд тaму oкoлу 13 е гo земaв гo кoристaм скoрo 2 гoдини.
Секоја чест! Како успеваш сама да тргниш на лентата? Јас се колебам за надусниците, а не пак за интимата. Браво.