Прв пат ќе се депилирам во домашни услови со ленти, па кои би ми ги препорачале? И која цена се отприлика?
Ќе да е алергија на восок или спреј/млеко/пудра после депилација што мачкаат на телото. Имаш повеќе видови на ленти. Бидејќи ги имам повеќе пробано би ти ги препорачала вит,силк или депи. Цело пакетче би те чинело околу 200 денари со тоа што има десет ленти во него.
Утре прв пат одам на депилација на препони, па дали можете да ме информирате како е тоа? Само од страните, цел интимен дел или?
По мене Депи и Вит се неспоредливи. Депи на Фитофарм се сто пати подобри од Вит, не знам до кога ќе го форсираат тој леплив восок што ништо не вади. Не дај боже да фатиш кај надусници, ќе шеташ со розеви бркови, бљак...
Тоа ми се деси, не можев никако да го одлепам. Не дај боже доле таква да шетам... А кај ги има тие Депи?
За домашна употреба јас ги коростам Стреп во црно пакуваење, со арганово масло. Мене ми се сосема солидни. Цената мислам дека беше околу 210 денари
Во Зегин имаш и на парче, т.е и во другиве аптеки ко Виола, ама таму ги платив поскапи. Купи си една лента, види ако ти одговараат па ќе продужиш да си ги користиш.
Предлог салон за шеќерна депилација во Скопје? @kjukli читнав дека си од моја населба, кажувај каде има?
Јас во Кисела Вода не сум нашла. Бев во Аеродром во Инфлуенс. Пишав во темава искуство. Многу сум задоволна. Следен салон за посета ми е Александрија, мислам во Карпош е. Сакав на повеќе места да пробам, да ја видам разликата, па да се одлучам за едно место.
Јас се имам депилирано со Вит ленти на нозете и на бикини зоната, многу брзо ми подникнаа влакната 2 недели немаше. Истото искуство го имам и со кремите за депилација. По рецепт на една другарка сега се депилирам дома со шеќер (12 лажици вода, 12 лажици шеќер и 1 лимонтус, да зоврие до црвенкава боја) и дури после 2,3 недели ми подникнуваат влакната, но и се проретчуваат. Поефтина а и поефикасна варијанта е со шеќер.