Да ве прашам после депилација во домашни услови што користите? јас имам многу осетлива кожа и ми излегоа како мали црвени мозолчиња, а истите ми беа излегле додека се средував со брич а некои од нив и се расквавија
Одма по депилација дезинфицирам со алкохол (ракија) и само што ќе се исуши или ќе испари,ставам од бебешката пудра во прав.Другиот ден,мачкам од детскиот крем од Бекутан со цинк оксид,што е против црвенила и иритации.И толку е целата процедура,ниту црвенила ниту мозолчиња....ништо,се си е како што треба.
Девојки, имам 14 години, и сакам да одам на интимна депилација затоа што неможам повеќе да се бричам, премногу ми се иритира кожата.. Но исто така и ми е многу страм, како да го надминам страмот? Болката ќе ја истрпам некако.. Иии, сакам ваше мислење дали сум премногу мала за интимна депилација? Однапред ви благодарам.
@Emily15 Не гледам причина и за ова да прашувате дали сум мала или голема. Ако веќе си почнала да ги отстрануваш значи ти сметаат и дали брич или депилација изборот е твој. Првенствено се работи за хигиена.
@Antolinaa Океј, ти благодарам.. Инаку бидеќи сум сеуште во развој, а интимната депилација е малку специфична, па да не си направам проблем побарав мислење од вас сепак сте поискусни.
Јас да го пофалам рецептот на @realGirl за шеќерна. Немав буџет за депилација, а ни време и се решив да пробам. Треба време додека да се направи смесата, па да се излади после, ама со методот за депилирање со крпчиња воопшто не е болно, се издепилирав многу брзо, немав црвенило ни брунчиња, а кожата помазна и помека не ми била. Thumbs up. Јас сум ептен задоволна. Тек сега не верувам дека ќе одам пак на козметичар. Само мноогу треба да се внимава смесата да е добро изладена, да не се изгорите. Јас на рака и на нога имам убав белег од брзање.
Јас со депилатор и со ленти, ама ај споделете линк од рецептот. Еднаш пробав да го направам, ама не ми успеа, ама штом викаш за интима дека е добро мора да се проба
Пробав пред 2 години сама и подлив си направив, мислев никогаш нема да ми помине. Модро, модро.. Ужас. Од тогаш не ми текнало да се депилирам сама.
На рака и на нога имам такви убави белези, трајни ќе останат. Треба многу да се внимава ама скроз е изводливо.
И јас прв пат пред неколку дена интима депилирав сама, мечка стра мене не стра. Не ме болеше ниту приближно од тоа колку што мислев дека ќе ме боли. Онака втор пат депилирам раце, нозе и бикини зоната и многу ми се изретчени и омекнати влакната на нозете. Другарката кој ми го кажа рецептот 2,3 пати се веќе дипилира на интима и се пофали дека многу и се изретчени влакната, ќе видам кај мене резултат за 2,3 недели. Еве и @kjukli ќе каже резултат.
Штознам мене страв ми е на интима. Вие депилирате аамо препони буквално или комплет?! Само препони ваљда би можела, ама комплет нема шанси!
Претходниот пат само препони депилирав јас, сега и интима само треба полека, внимателно и да се исчека смесата да излади.Првиот пат на препоните ме повеќе болеше отколку сега препоните и интимата.
Со шеќерната депилација интимно се депилирам со тргање, а на раце, нозе со крпчиња. За интимно ја правам погуста а за останатото си го полнам ролонот од силк .Изретчени ми се многу . Не е болно толку многу, треба само да се истегне убаво местото и смесата да е погуста за да е полесна за тргање.
Целосна интимна депилација е 300 денари. Патем, чув дека салонот Александрија е затворен, вистина или трач? Одамна не сум била ниту поминала таму, откако отидов во Инфлуенс не го менувам за ништо! Сите девојчиња кои се двоумите, се срамите или се плашите - ова е знак да престанете и конечно на отидете на интимна (шеќерна) депилација! Можеби звучам како реклама, ама откако ја открив се препородив Ни јас не сум некоја многу слободна или отворена, понекогаш ме фаќа срам за некои банални работи, ама ова сфатете си го како кога се соблекувате на доктор, или кога ја соблекувате блузата или панталоните за депилација на раце/нозе. Козметичарката знае каков термин имате закажано, знае што ќе види и знае како да изреагира. Болката е сосема поднослива, особено на горниот дел од препоните, критични се само 3-4 повлекувања околу усничките што ќе поминат за минутка. Всушност, целата депилација трае 10-15 минути, па колку и да е болна, трае кратко. Со тек на време влакненцата ќе ви станат помеки и поретки, а самата депилација помалку болна и побрза. Јас редовно се депилирам една година и депилацијата ми трае помалку од 10 минути. Црвенило немам, поткожни ретко, но ова е индивидуално, па не гарантирам дека сите би немале. Уште еднаш да напоменам дека зборувам за шеќерна депилација. За моето искуство во Инфлуенс можете да прочитате овде