Девојки ај по препорака некоја што депилира со нов, чист восок во близина на Аеродром, Центар, К.Вода..
Каде се наоѓа ова Инфлуенс, @Oxymoron? Во Аеродром беше или сум подркала појмове? Јас сум заборавила како е да се депилирам сама доле. Имам лименка со восок на топење, прекрасно вади влакна и го имам користено по раце и нозе кога се депилирав така, ама ова со интимата ми е научна фантастика. Додека да се решам да ја потегнам лентата, восокот се зацементирал и се унаказив. Можеби би пробала со овој рецепт за шеќерна, ама повеќе претпочитам некој друг да тегне смеса или ленти за мене. Страв ми е да не си ја видам кожата залепена на крпчето.
Во Аеродром е, позади Капитол. Мишелке, ќе стиснеш заби и ќе повлечеш. Само да не е вруќа смесата, иначе немаш гајле.
Стискам заби, ама додека да достискам...восокот цемент, па оди тегни го. Ќе си закажам таму иако ми е малку далеку ама штом фино работат нема врска, само да стасам за депилирање прво.
Епа побрзо ќе стискаш заби. Супер работи девојката. Само многу е гужва, па една недела унапред мислам дека би требало да се јавиш.
Жени во салонов што го зборите колку е деп. рац и нозе? Овој ли е бројот 077 729 261 ? Гледам на фб и нокти прават. Некој спомна за Александрија,јас закажав депилација пред да одам на одмор пред едно три недели од прилика ама не отидов бидејќи таа што ми закажа телефонски беше крајно нељубезна и ме изнервира Љубезноста ми е на прво местоза било што
Нозе се 800, а за раце не се сеќавам, мислам дека беа 400. Бројот е тој, има и уште еден - 070 690 511. Се надевам дека си го откажала терминот во Александрија, колку и да се нељубезни, педерски е да закажеш термин и да не се појавиш. Без грижи - во Инфлуенс ќе добиеш љубезност и повеќе од доволно
Ако зборите за Инфлуенс позади Стокомак, сум се депилирала таму. Супер е девојката, премногу љубезна и си ја знае работата
Да прашам нешто,колку време траат „резултатите“ од депилацијата? И второ прашање со што се мачкате и каква е негата на местото по депилацијата? Јас се депилирав пред два дена за прв пат во животот,до сега играше само бричот.И уште сум црвена,потечена долу и имам болки.Нормално ли е ова?
Јас сама се депилирам дома со восок за интимна депилација излегува на прст,раци и нози не го користам користам друг со лента што се вади и сум презадоволна ,ем влакната значително ми се изретчија ем немам никави иритации
мене ако влакната биле доволно големи и излегле сите почнуваат да растат после 2рата недела на раци и нози а на интимниот дел малку покасно.После депилација,на интимниот дел ставам малку павловичева маст а на нозите и раците млеко за тело.И јас имам болки исто така а се депилирам еве веке 5ти пат ми беше и ми излегуваат мали брунки незнам зошто. :/
Кај мене, што се депилирам подолго време, две недели сум раат, третата недела почнуваат да никнуваат и после четвртата недела пак сум за депилација. После депилација најчесто ставам само маст од невен ( има и во зегин и во ДМ- Балеа)... До некаде нормално е да те боли малку затоа што е сосем различно од брич, ама два дена да те боли и да си отечена е малку чудно. Обично рекацијата е првиот ден, а после немаш гајле. Како се депилираше? Со што? Можеби е до депилацијата?
се депилирам на козметичар, прво беше стресно и мн болно, но после се навикнуваш, ако идеш редовно на 1 месец самата кожа ќе се навикне и влакната ќе оретчат и се помалце ќе има болка наредните пати
Планирам да одам во Инфлуенс,читав доста пофалби од вас.Само ме интересира дали работи во сабота? И колку дена унапред треба да закажам?
Веројатно кожата не ти е навикната, освен ако не била премногу груба депилацијата... Пробај со маст од невен, кокосово масло, павловичева, или Мелем крема....
И мене вака ми беше првиот пат многу болно. Цела недела на топло ми жежеше и знам дека беше до непрофесионалната депилација употребуван восок и бактерија добив, шоо бељи колку сакаш. Ии не се откажав отидов кај друга и од вториот пат сум кај неа презадоволна сум и веќе не чувствувам болка мали пецкања само и вториот пат не беше како првиот сепак болно ама не неподносливо. Ти можеби си поосетлива немора да значи дека и ти ќе добиеш бактерија..
Малку касно ти враќам ама дури сега гледам. Да, работи во сабота. Јави се бар 5 дена унапред да си бидеш сигурна дека ќе има термин.