Во сабота закажав депилација на интимата, досега секогаш користев брич, но одлучив барем некое време да сум раат. Сакав да ве прашам колку боли, бидејќи јас неможам да трпам болка, таква сум плашливка, а и со каков восок е подобро топол, ладен или шеќерна паста?
Боли секако. Првиот пат нормално дека ќе те боли, ама потоа се е навика. Со восок не те куби, ама ако ти се подолги влакната со шеќерна ќе те скубнува по малку. Нема од што да се плашиш, жени сме. Никој не умрел од тоа. Сите можат да издржат 15 минути болка, после раат си. Ќе стегнеш заби ако веќе сакаш да се депилираш.
@lovely97 Мене ми имаат кажано дека со шеќерна паста било најубаво, демек поефективно и помалку болело од восок. Со шеќерна паста се имам депилирано само на рацете, и некако побрз ми изгледа процесот него ли со восок, во првата минута ме болеше, ама после скоро ништо не осеќав. Е сега за на интима не знам како е, јас со недели се канам да одам ама и јас сум ептен плашливка, до сега само со брич ги правев и сега ми се црни и цврсти влакната. А од восоциве, со топол мислам најубаво е.
@lovely97 Според мене најдобро нешто е шеќерната депилација, но таа си бара пократки влакненца, во спротивно ќе те кубе, а тоа е дополнителна непријатност. Освен тоа кај шеќерната се депилира дел по дел, така да според мене е по „болно“(иако јас сум веќе навикната и не можам да речам дека боли, него дека е повеќе непријатно пецкање). За разлика од шеќерната, кај топлиот восок имаш една цела лента на поголема површина што еднаш ја става ја повлекува и тоа е тоа. После повторувањето е „мачја каша“ ... Иако сум поборник за шеќерна депилација (најприродна, најблагородна за кожата и слично) би ти препорачала да одиш на топол восок (но да биде хигиенски - за една употреба). Ко за прв пат мислам дека ќе ти биде тебе полесно, и полесно ќе ја преболиш „болката“. Веќе за нареден пат нема да имаш гајле.
Јас би ти препорачала шеќерна, бидејќи цело време си била на брич и влакненцата се поцврсти ќе те боли ама таа болкаа се издржува. Шеќерната за една употреба нека биде и топла секако. Ладна не се препорачува, после како ќе се депилираш понатака влакненцата ќе омекнат и нема да те боли толку.
Каде се мажите во темава? Да не бидам оф топик, преферирам депилација на козметичар со ладен восок, секако за една употреба.
Ај и јас да се убацам. Пошто ќе ти биде прв пат, да не те плашам ама ќе ти биде малкуцка болно со што и да избереш да се депилираш. Ако продолжиш редовно, ќе отрпнеш 100%. Освен пред да добиеш. Ако се депилираш деновите пред да добиеш боли макар бил 7374748 пат. Ама за лепота се трпи. И јас ти препорачувам шеќер доколку тоа ти е опција, ама во мој град нема избор па се депилирам со топол висок. И исто треба да се води сметка пред депилирање влакната да не се прекуси за да може да се залепат и извлечат со лентата и истовремено да не се ниту предолги пошо поише боли така. Ја редовно се депилирам иако немам нешто влакна.. ретки ми се и природно, плус меки па одма се вадат, а на препони немам воопшто. Арно ама го прочешлав градов и никаде не сум задоволна, или не е чисто доволно или не депилираат добро, и сум приметила првиот пат те третираат во ред дека нова си и прв пат да се покажат, после на две на три те поминуваат, па место извадени од корен влакната се скинати сеа се мислам шо ќе праам за следен пат...
Си мислев дека е кој ти знае каква болка, али дефинитивно не е голема да не може да се издржи. Веќе нема ни да помислам на бикче, конечно и јас малку да здивнам. Сакав да ве прашам нешто, она ми рече да се напијам парацетамол за секој случај оти прв пат ајде јас се напив, ама ми рече после 2 саата да се истуширам, на пр мора ли после 2 саата дали може после 1 ипол саат?
Мене ми е најужасен периодот кога чекам влакната да ми пораснат доволно за да може да се фатат со лента. Најужасно нешто, за кое не најдов никаква алтернатива за да си олеснам. А и како би си олеснила, едноставно треба да помине период за да пораснат доволно, инаку џабе било каква интервенција со восок. Некогаш кога ми доаѓа преку глава фаќам брич и мирна глава, ама затоа следната депилација боли-кине.
@lovely97 на здравје Се издржува секако. Плус ние сме женски и имаме повисок спепен на издржливост на болка од машките. Они се мекуши Можеш и на саат ипол, од саат ипол до 2 е најубаво. Потешко излегува оној восок што останал на тебе ако остаиш подолго до туширање. А Мишела најбед е кога пушташ влакна за депилирање и во меѓувреме ќе излезе да треба да се оди негде па мораш да поминеш со брич набрзина и после одново чекање... Ете сум ни таму ни ваму со влакнава... трчај трчај влакно како ми иде да зеам чупалица и да ги решам... да не ме мрзеше само.
@Yowannty и јас го делам истот искуство.Или е нечисто,или не им чини восокот или ќе ти ги искинат влакната.
Јас одам на депилација и на интимата и нозете со топол восок. Искрено не ме болеше ни првиот пат,но сепак треба да ссе води сметка доколку се подолги влакната тогаш боли премногууу..
Јас ти ја препорачува Prima Vera во новиот пазар на втор спрат од внстрешна страна до Метро. Најдобра е нема да зажалиш и мислам цела Битола оди кај неа. Една недела порано се закажвам стално. Вера се вика жената.
Дали некоја од вас се правела на препони со Филипс Лумеа депилаторон, искрено откако закачив инфекција на интимата од тој топол восок, ми е страв да одам и на брич сум а ми се смачи тој брич веќе
Мислам дека имаше специјален додаток за интимниот дел или грешка сум? Нека кажат девојките кои го имаат. @Artemission, @zhap4e
@jasmina00 Јас би ти препорачала да одиш на шеќерна депилација, таа јас кај што одев за секоја девојка нова смеса правеше, мене на рацете не ме ни болеше. Еднаш имав закажано во Александрија за шеќерна, ама не отидов зошто добив во последен момент, ама многу ми ги имаат фалено дека се добри. Можеби имаш добиено инфекција зошто само го претопувале восокот.
Да, знам дека ми од претопувањето на восокот, гледав но додека не закачив не верував, едвај се куртулив. А шеќерната мора нова смеса или и нејзе ја претопуваат??
@jasmina00 Мојата козметичарка пред мене ја правеше смесата, и после ја фрлаше, би ти ја препорачала ама не знам од каде си, а и сега почна дома да работи кога и одговара, зошто чува две мали деца па не ми е баш за стално.