http://24apteka.mk/wp-content/uploads/2015/12/silkrolon.jpg Ај нека ми пише некоја што го има користено ова за депилација.
Има некој искуство со кремата лидера што е? Немора за интимна,дали воопшто користела некоја искуство да каже.
И мене ме интересира, видов реклама на фб пред некој ден. Иако не ми изгледа ништо поразлично од Вит кремата за депилација...би пробала.
Не е тајна, не е дозволено да се оставаат приватни податоци јавно на форум. Не е салон ова,таа си раб дома.
И мене исто, ама некако не верувам дека е нешто поразлично од стандардните креми за депилација, па потајно си се откажав.
За интимна депилација треба и да се внимава кај се оди, а и треба да се внимава кога сами се депилирате. Доколку не се повлече убаво восокот може кожата да си ја откорнете. Јас сум козметичар и работам исклучиво со восок за една употреба, за интима користам филм восок. Поздрав девојки и внимавајте. Ти благодарам ☺ на убавите зборови.
Јас се депилирам исклучиво на козметичар со топол восок. Иначе ако сака некоја да ми пише ЛП ми треба мислење во врска со ова ама не би тука да пишувам. Благодарам
Сакам да се депилирам за прв пат. Се средував нонстоп со жилет, но два месеци не сум се средувала, само со ножички. Колку време трае ако ги средам со Veet? И совет за да не боли толку многу ако одам на депилирање? Фала girls.
Штом до сега си била со брич ќе те боли на било каква депилација да одиш,ако мислиш на Вит крема исто како брич е.Почни си со депилирање најдобро,ќе те боли првиот и вториот пат многу сигурно ама после ќе биде многу полесноа и болката е 10-15 минутиќе преживееш
После бричење ништо нема да осети единствено ако ставаат некоја локална или целосна анестезијадали и тогаш
Да не се лажеме, депилација на интима, каква и да е - боли. И тоа многу. Работата е да се најде некој потрпелив за прв пат, што ќе знае колку-толку да те опушти и да те работи полека. Кога ќе ми текне на мојата прва депилација после години бричење, ми идат солзички. Ама штом сите пак одиме, се издржува значи.
Да те опушти и да те работи полека ко за прв пат Аман Џолано со мрсните мисли Инаку не се плашете, не боли повеќе од породување Утеха Јас дома сама се горам со запалка па еве немам проблем досега да не давам пари по туѓи луѓе... (се зезам, немој да пробал некој вистина )