Имаш специјална Veet крема за имтимата. Ме интересира колку време ви издржува мазна кожа после депилација со тример? Препорачајте ми некои добри машинки или тримери за депилација шо може да се користат и на интимата. И добар восок за истата намена?
Девојки како ги третирате поткожните влакна и дали има некоја маст? Мојата другарка од депилација има премногу поткожни влакна.
И јас имам ист таков проблем , но по депилација некогаш девојчето што ме депилира зема пинцета и што може вади ..
Исто и мене, ама таа тогаш немаше тие отпосле и се прават. Тоа е проблем, затоа и прашав дали има некоја маст што може да ги намали.
Може ли некоја која ја користела пастата за депилирање од Лидера да сподели дали смесата мириса или не? Ако не мириса ужасно како кремите за депилација, би ја купила без сомнеж. Приметив ми се појавила бемка кај препонот и дефинитивно нема шанси да ставам восок повеќе, а брич уште помалку. А и онака депилација не ми прија воопшто - повеќе време ми одзема периодот на „опоравување на кожата“ после депилација, едноставно не е за мојата кожа ниту восок, ниту шеќер. Ова ми изгледа идеално за мене, плус ако не мириса грдо дефинитивно го земам.
@Mishela мириса, ама не толку јако и гадно, не влегува во нос миризбата. Јас ја осеќам додека ја мешам само, кога ќе ја нанесам не. Не е страшно, имам користено многу посмрдливи креми од оваа Ќе ти се допадне, сигурна сум, плус е сосема безбедна за интима Јас и бремена ја користам, најлесна ми е, за час сум готова, не се малтретирам со одење на депилација и поткожни. Ѕирни во темата за депилација кај трудници, таму дискутиравме за пастава вчера
Има маст Ихтиол. Црна е и обавезно некои стари гаќички да облечеш кога ќе ја ставиш оти лом ќе се направиш едвај се пере.
Ја купив смесата за депилација Лидера - 372 денари во Еурофарм. Ми ги извади сите влакненца - раце, нозе, пазуви, интима. Само треба да се следат мерките, а чекањето за да се измие смесата би рекла дека е индивидуално. Јас имам тенки и светли влакна, мислам дека за минута-две исчезнаа, ама за жал не е тоа случај со потемни, односно подебели влакна. Сепак ништо страшно, само ќе треба да се почека малку повеќе и паѓаат скоро сите. Не ги вади сите влакна 100% и останува по некое тука-таму, но како за прво користење - не е лошо. Ќе прикачам состав, ако може @Biodevojka да каже што мисли за производов. Некако сомнително ми е да е скроз безбедно за интима, а ефикасно. Спојлер
Драга јас најискрено многу кремите за депилација не ги сакам. Функционираат на база на абразивно дејство со помош на некоја киселина или состојка која ќе ги отстрани влакната...меѓутоа ваквиот начин според мене не е нежен (ако беше нежно немаше да отстранува влакна нели???). Јас за интима не би користела никаков производ од овој вид.
Јас баш ја купив за интима посебно дека ем бремена не ми се иде по козметичари, но не ми вади баш.. А и не ми мириса мене..
@mssuniquee многу кратки влакна не вади убаво, треба да се подраснати малку. И мене последниов пат не ми извади се, ама на многу краток период се депилирав пошто пред пораѓај сум, не можам да чекам А колку време ја држиш? Јас ја оставам максимум како што пишува во упатството, 7 минути и штом влезам под туш, прво тријам убаво да испаѓаат влакната, па после мијам со вода (леле деталниов опис )
Хахах исто и јас сум пред пораѓај и затоа секој втор ден се депилирам Ќе оставам да пораснат малку па да пробам така
Здраво женски Пред некој ден го купив овој восок од ДМ, дали го имате користено и како го загревате?и каде би можела да најдам топилка за него. Фала за одговорот. Позз
Колку пари го купи восокот, топилки имаш во Веро-Џамбо, значи во Веро ке влезеш и ке видиш кај козметиката на тој дел имаш топилки околу 1000 денари беа, сега незнам може се сеуште таа цена.
и јас купив таков но ги потрошив лентичките, знаете дали можам некаде да ги купам посебно или дали можам да ги заменам со нешто?