За колку пати употреба има во Лидера прашокот за депилација? Во смисла, дали брзо ке ми се потроши или има за повеке пати ? И општо мислење за неа? Планирам да ја купам, разбрав дека е околу 350денари..и да, планирам да ја користам за целосна депилација.
Па и нема многу прашок внатре, само навидум изгледа дека количината е голема. Зависи какви ти се влакната по дебелина и низ колкава површина се распространети - ако се подебели, за цело тело можеби ќе имаш за два пати, три пати преку сила. За повеќе не верувам. Јас се депилирав два пати, ама целата процедура едноставно не вреди кога истиот ефект може да се добие со брич и убава пена за бричење. Плус, задолжително ќе ти требаат ракавици затоа што средството е агресивно на мекиот дел од прстите. И друго, ова е тотално неизводливо додека си под туш. Потребно е да се чека неколку минути за да почне да делува (малку повеќе од 5-6 минути), а до тогаш нормално, не треба да дојде во допир со вода. Во упатството пишуваше некои 3-4 минути се потребни за да почне да делува, но кај мене требаше да пројдат многу повеќе, а немам некои темни и дебели влакна. Првиот пат беше така-така, вториот пат дефинитивно зажалив што дадов речиси 400 денари за ова. Околу 370 беше во Еурофарм мислам. Никогаш повеќе не би го купила, подобро земи си некој убав брич со 4-5 сечила за истите пари.
Девојки,да ми препорачате студио за депилација некое со восок за една употреба и да работи професионално во смисла да не е што побрзо да те помине и трчи трчи да има влакна. Бидејки таму каде што одам восокот ми делува дека е неколку пати топлен и го нема тој ефект,и жената што депилира е многу зборлива и многу долго ме задржува и ми остануваат влакна. Благодарам убава вечер
Depileve Дали некој го користи восокот, по која цена и колку сте задоволни? Гледам семинари обуки се одржуваат па сакам информација за восокот за да знам дали вреди да си купам
Нема да згрешиш во Бјути Бети Бооп во Ново Лисиче топ работи девојчето имаш и интимен со восок за една употреба брза и ептен ефикасна побарај на фб има се
Како би можела да се намали болката? Некои пијат кетонал пред депилација, некои со топла вода...дали вие имате некои методи?
здраво женски, се зачленив специјално за да го споделам мислењево. сите девојки што се цел живот на брич како мене знаат колку боли интимна депилација.. имам пробано во салон за деп. со топол восок, последно пробав со домашно направена шеќерна паста (премногу неред), денес купив ленти од balea за тело ... и веќе немам намера на депилација да одам лентите се 210 денари се во DM, позадоволна не можам да бидам! влакната инаку ми се мноооогу густи, крути и цврсти, ама тоа не е проблем ако убаво се оптегне кожата,лентите добро се залепат, и се повлече набрзина. ги вадат влакната сосе фоликули (јас се поминав на препоните и позади до кај што стигнав, во средина не се осмелив сеуште ) и помалку ме болеше од депилација со топол восок ... готова бев за 10 минути. топло ги препорачувам! поздрав
здраво девојки јас досега се средував со бикче и крема на вит но искрено ми досади а и многу ми се згуснати и изоштрени влакненцата па така да сакам да одам на депилација со топол восок но ми е страв и срам затоа што имам хемороид на аналниот отвор дали знаете за тоа дали би сметало или не??
Ќе ставиш тампон и ќе одиш. Не боли, за разлика од други денови. За се има прв пат ама тоа не значи дека треба да се практикува стално.
За Фризури, доле. Колкави ги оставате влакната пред да отидете на депилација? И после депил. Како ја одржувате должината на влакната?
Zdravo devojki. Ke saka nekoja da pomogne so dolgogodisniov problem sto go imam? Idam na depilacija so seker i posle 3 dena veke vlaknata mi rastat. A posle depilacijata mi ispagaat fleki i dolgo vreme mi stojat. Imam preterano mnogu kozmeticarki smeneto sto navistina se dobri i pak imam takov problem. vi blagadaram od srce