Дома. Со жилет. Гледам резултативе од анкетата, импресивно поголем процент се депилираат и тоа на козметичар.
Е и чеша и боцка после 3 дена. Плус и поткожни кај поголем дел се јавуваат. Еднаш ставив брич, после 2-3 дена ми идеше да си ја откорнам на сред Партизанска од што ме чешаше.
Не ме чеша, озбилно. Може затоа што сум навикната после толку време. А поткожни ми се јавуваат исклучиво од депилација, од бричење, не.
Не мора да значи, јас се бричам многу години, понекогаш се депилирам кога успевам да ги израснам, кожата која е научена на бричење не реагира исто како и онаа која не е. Мене воопшто не ми пречи, ниту ме чеша ниту ме боцка, почнав скоро со депилација кај козметичар зошто ептен ми се згуснати и сакам подолго време да сум на раат, со бикче сум мазна околу 2 дена и тоа ми смета.
Zenski help. Dolgo vreme odam na kozmeticar so sekerna depilacija na intima ama vlaknata ete gi za 4 dena maksimum.Dali mislite deka mozebi poradi toa sto brzo me depilira za nekoi 15 minuti poradi toa da mi rastat tolku brzo, imam nekolku kozmeticarki smeneto site se dobri i gi biva pa neznam do sto bi bil problemot,kaj site imam takvo iskustvo.Citam nekoi feminki velat po 1 mesec ne im podrasnuvale so sekerna depilacija i deka e najdobra no za zal ja takvo iskustvo nemam. Sekoj sovet e dobredojden . Blagodaram
Јас од многу имам слушнато дека од шеќерна им растат како од бикче Зошто не се депилираш со восок кај козметичарка?20 дена до месец ќе бидеш раат
Дали да плаќам за филм восок или да си одам на стандардна топла депилација? Некој со искуство за овој филм восок...
Абееее не е толку Прв пат втор пат да боли после навикната си и јас сум склона на подкожни ама ми излегуваат само од бикче,восок е спас
Јас во пределот на интимната зона се бричам редовно(на две недели) некаде од 15 години. На почетокот не затоа што имав некаква потреба од тоа, туку повеќе го правев тоа затоа што чувствувам огромна сексуална возбуда кога го правев тоа, ми беше како некој вид фетиш. Исто и јас како многу од вас што напоменаа погоре склон сум кон поткожни влакна и чешање во првите денови по бричењето, но само ако на крајот направам и контра. Доколку се бричам само во правец на растењето на влакната немам никаква реакција, се разбира не е баш мазно ама сега нема и мазно и без чешање. Од скоро се бричам скроз(освен рацете) и навистина чувството е прекрасно за разлика кога си обраснат со влакна. Сонувам да еден ден се издепилирам скроз но за мене е тоа сеуште далечен сон, што заради нашиот менталитет и реакцијата пред се на најблиските и околината, што заради тоа што незнам дали кај нас има салони за депилација за мажи каде депилираат мажи. Јас искрено не би можел да се замислам да легнам и да ме депилира девојка, не само што би ми било непријатно туку веројатно би се обрукал за цел живот
Топлата депилација е подобра верувај .. Поткожните влакна со таа една црна крема многу брзо испаѓаат , подобра ти е топлата депилација отколку шеќерната..
Таа топлата депилација ич не ја препорачувам. Кој знае колку е чист восокот, триста инфекции можеш да добиеш.
А која е разликава помеѓу топла и ладна ? Јас каде што одам на депилација нанесува топол восок но после го вади со лента за депилација и го фрла, така што мислам не ни може да го претопува така.
8 год се депилирам со топол восок се внимава на такви работи дезинфекција стерилизација не се заостанати