Има многу малце козметички салони каде што се фрла возокот од топлата депилација. Многу малце каде што е чисто и средено. Идев на депилација каде што се прецедува восокот кога фатив бактерија очите ми се отворија веќе со таков не! Пред да идете на некое место прво распрашајте се за восокот и местото. Мене искрено ладната мн повеќе ме боли отколку топлата .
Абе да не се мислите дали пола град го поминал восокот или не, златна шеќерна паста, пред тебе зема од кутивче и со негo те поминува. За 10 минути максимум си готова. Раат си следните месец дена. И далеку дека боли толку, мене восок на нозе ме боли, не па на интима.
Ама пак се претопува. Не за џабе ладната депилација е поскапа од топлата А и знаеме која повеќе ви се исплати, нели За каква стерилизација зборуваш, на претопен восок?
Стерилизација на инструменти кои се користат во козметичко студио во апарат за стерилизација Пишав општо за работа во едно козметичко студио,да има што претопуваат а има и што ново вадат и го топат не се сите исти
И мене ладна депилација многу повеќе ме боли од топлата депилација. Најверојатно топлата не е толку болна затоа што сепак колку толку ја загрева кожата и порите се отвараат. Ама за без пари да ми нудат депилација со топол восок, не би одела повеќе. Ретко каде водат грижа за хигиена на ниво, потполно се согласувам со целиот твој пост. За среќа не сум имала проблем со фаќање инфекција (се депилирав порано со ладен, а сега со шеќерна), ама имам толку осетлива кожа и разликата по депилирање со топол и ладен восок барем кај мене беше очигледна. П.С. Воопшто не се согласувам дека со топла депилација не излегуваат поткожни мозолки/влакна. Мене со каков било восок кожата ми станува пуздер. Затоа и скроз баталив и исфрлив депилација со восок. За осетлива кожа склона кон иритации, депилирање само со шеќерна паста.
А тоа за болката кој како е навикнат и мене првите Целосни депилации малце ме болеа со топол восок после се навикнуваш а и повеќе е психа колку ќе боли дали ќе издржам итн..
Сеа кај што одам со топол восок после поминувањето се фрла во канта и толку од тој и навистина од тогаш немам никакви проблеми и иритации На нозе со она како рол он али повеќе ме боли од топол восок на интима. После депилација под туш и обавезно некоја крема ставам бидјеки мн сува кожа имам Може повеќе ќе платам ама ќе бидам сигурна дека утре нема да завршам на лекар.
После шеќерна депилација, не експериментирам со ништо друго. Најхигиенски и најдобро за кожата, башка што влакната се ретчат, сѐ помалку и помалку растат.
Восок со кој мене ме депилираат , истиот го користат за веѓи и го фрлаат пред мои очи во ѓубре , така да да никакви инфекции немам а каде одите вие што ви го претопуваат восокот од интимата баш не е сигурно..
Прашањето ми беше дали некој пробал филм восок и дали е подобар.... Јас одам на топла депилација ама интима ми прават со восок за една употреба (после го фрла).... За филм восокот викаат дека е најнова технологија, и дека вадело и ситни влакненца и било по безболно....
Имам на раце со таков правено. За ситни влакненца дали вади не знам, ама за болката исто како и со секој восок. Ништо спектакуларно. Само што ставаат потенок слој на восок затоа го викаат филм.