Препорака за каде би се депилирала окулу центар? Многу ми е страв од некои грубо што работат и затоа не ми се иде во секој салон... фала
@marijabella салон позади рамстор Работи со убав чист восок непрецедуван ,зелен е и вади влакна и во канта се фрла Многу лесна рака има и мн пријатна Јас сум многу задоволна и цените се пристапни едит:Зелниот восок е за поосетливи места на пр депилација на интима За повеке инфо ако сакаш пиши ми лп ке ти дадам контакт
Феминкии, дали на вас ви се имат случено кога одите на интимна депилација со топол восок и некој ден ви се појавува мозолчиња и слично?
Мене од депилација со восок во секој случај ми се појавуваат мозолки, без разлика дали е со топол или ладен восок. Со депилација со шеќерна паста најмалку ми се иритира кожата. Не дека не ми се појавуваат мозолки воопшто, туку ептен малку во споредба со восокот. Од восок станувам пуздер, од шеќерната знаат да се јават само мали површински кои бргу поминуваат.
Ве молам совет и препорака за некоја со многу лесна рака... имам пробано скоро со се, ги имам сменето многу и не можам, неиздржливо ме боли. Да не зборам за самото иритирање на кожата, дури крв се појавува некоја со слично искуство и чаре? очајно ми треба помош..
Ocigledno deka toa ti e do kozata pa stom si probala sekade edinstveno recenie ti ee so zilet znam deka e podobro so vosok ali stom si probala sekade i se najdobro i resenie spored mene e toa A kako ja pravesh sekernata pasta? Jas ednas probav da napravam i mi stana tvrda kako kamen i nisto.
Женска ја дека одам девојчето работи со восок кој содржи антибиотик против болка во себе .. и самата јас имав проблем плачев скоро секој пат ама сега не ич , дури и не се плашам да одам дека баш некако лесна рака има и брзо влече сма пак незнам дека си исплашена знам како е , сите тскви смее
Како да знам дали восокот е преработуван и повторно користен? Дали се познава дека има претходни влакна во него ако е преработуван? Козметичарката користи зелен восок и секогаш кога ми става гледам дали има влакна во него но секогаш е чист а искористените ги фрла во корпа. Ми се појави иритација па се мислам дали можеби е од восокот.
MOzno e se... JAs od vakvi raboti ne odam na kozmeticar zatoa doma sama ili so kremata na veet ili so zilet sto ke zakacam infekcija podobro vaka
Кремата на Вит е исто како со брич да си се поминувала. Јас би рекла одете кај тие што работат дома, а не во салон бидејќи не го преработуваат восокот. Најдете си такви и мирни и без инфекции.
Зошто мислиш дека тие што работат дома не го преработуваат восокот? Мислам дека тоа повеќе зависи од начинот на работа. Инсистирајте на чист топол восок што го вади од мало апаратче без простор за претопување или пак ладен восок. Обично восокот од раце/ нозе сите го претопуваат. @IM.TMKQ па и претопуваниот восок нема влакна, затоа што апаратчето за топење има еден дел како цедалка што ги задржува влакната. Едноставно ќе и кажеш дека интимен дел сакаш со чист восок.
Затоа што го имам видено со свои очи Пред мене го прави, ме средува и потоа го фрла во канта за отпадоци. Но јас сум блиска со мојата козметичарка, за други не можам да кажам.
Тоа и ми беше муабетот, редактирав подоцна. Сепак е начин на работа, а не дали е во салон или дома. Не се сите коректни како твојата козметичарка, за жал :/
Купував некоја готова од тезгите од Зелен пазар, во форма на плочка. Не знам дали уште ја носат, одамна не се депилирам во домашни услови.
Пред одмор сакам за прв пат да пробам депилација на цела интима. Многу сум нервозна околу све тоа - како да се спремам, како да се опуштам, кај да одам што е хигиенски итн. Може некој да ми објасни како иде се и препорака каде да одам, по можност капиштец-центар-кисела вода?
Пола сат пред да отидеш се бањаш, се подразбира со интимен гел, облакаш памучни гаќи и одиш. Во зависност од козметичарката, или ке молчите или ке правите муабет на некои рандом теми. Ке те боли 15 минути и тоа е тоа.