Лани летото прв пат се фатив со шеќерот и тоа сама дома, циркузи бев(а пред тоа цело време од 13 год со брич само) Kids do not try this at home Не знаев дали повеќе ме боли тоа што се испогорев или што се искорнав абе модрици лом бев целаДа не зборам што се живо испозалепив околу мене После тоа се наканив да си отидам на козметичар ко човек, цакум пакум сум готова и нозе и интима за 20 минути така речи болка скоро немаше и што е најбитно не бев со модрици ко некој вампир да ме исцицал
И јас така некако се зафркнав поштено пред неколку години, па како усрамено учениче отидов во салон и ме средија. Не модрици, цела географска карта имав на себе. Ужасно. Единствен „триумф“ беше тоа што шеќерната паста ми успеа од прва. За другото - пиши пропало. На козметичар жената ми објасни каде ми бил „пропустот“, сега можам и сама да се средам, ама не благодарам. Пре би некој друг да го прави ова место мене. Многу полесно ми е така, навистина немам сила да да се справувам со стресот кој го носи моментот „влечење лента“.
На мене не ми беше прв пат со тоа да се направам, имав и нозе издепилирано ок беше освен што нормално лепиш се што ќе фатиш и пече дури од што е врелоама склет ме фаќаше дур завршам па ти се лади тоа се стврднува башка одма модрици ако појако потегнам. Од брич кај мене е најужасно, ми се прават милион поткожни, бубулици, лом сум а резултатот два дена Депилатор користев едно време ама од тоа највеќе поткожни имав а и најболно е. Само восок ми е спасот на кожава и на влакнава цврсти ни поткожни ни други нус појави бар 2 3 недели сум раат ако не повеќе и тоа што викаш друг ми ја врши работата само легни и уживај
Не знам што му згрешив на господ ама пубертет од 12 години беше кошмар. Се бричев до 14 и после со мајка ми на козметичар нозе раце интима се ама баш се. 10 години немам мака ама има случаи нема време или можност за козметичар.. со жилет нема шанси да се фатам пошо мразам да мешам депилација и бричење. Паметно е со ленти или течен восок во домашма атмосфера или да не факам воопште?
Od lenti moze loso da povleces i da imas dolgo vreme modrinki i otok. Moja preporaka da si ostanes na kozmeticar a ako ne si vo moznost mislam vosok e podobro doma ili da probas da si napravis sekerna pasta doma ako ti uspee togas super
Сум била во Х ситуации каде козметичар не е опција а баш позата за интимна депијација сама на себе ми е врв мораж да најдам некоја најдобра солуција фала за идеата ќе пробам со шеќерна паста
Здраво значи ве молам за совет. Страв ми е да се бричам на интимниот дел бидејки пред некој ден додека се бричев на нозете малку се пресеков и сега ми е страв да се бричам на интимниот дел. Да се депилирам или да одам на козметичар неможам бидејки мајка ми користи брич за сите делови на телото ( пазуви, нозе и интимниот дел) а се работи за прв пат да отстранам влакна затоа првиот пат влакната на интимниот дел ги исеков со ножици.. Што да правам нареден пат ?
Ne razbiram zosto da nemozes da odis na kozmeticar ako majka ti se brici na site delovi ? Ke i objasnis deka nesakas da koristis bric i fino lepo ke si zakazes na kozmeticar
Ама имам само 13 год Едно прашање до тие што се бричат. Колку време поминува од едно до друго бричење?
Најдобро избричи се откако ќе се истушираш, кога ќе ти бидат отворени порите и не би требало да се исечеш. И прави го тоа пополека и биди нежна. Иначе и јас на 13 год. се бричев, и се случувало многу често од брзање да се испоисечам, лом да се направам. Затоа биди претпазлива. И во случај да ти се направат точки крв, не паничи, убаво ќе се поминеш со млака вода и со чист пешкир.
Камо мене да имало некој да ми каже немој со брич, иди си на депилации од почеток. Така да, тоа ти го препорачувам, фати си со време ко шо треба.
Можеш да ставиш, но гледај да не навлага баш кај вагината. Мој совет, доколку си во можност почни да одиш на козметичар. Како што кажав и јас се бричев до 17 год. и ми беа прегусти влакната, а и мака е реално на секој 2 ден да се бричиш. Вака ќе те средат и мирна глава си скоро цел месец, а и влакната се помеки и се ретчат.
Ќе пробам да се избричам после туширање. Пена нема да ставам. Несакам да одам на козметичар нека помине малку време. Ќе се избричам после туширање. Се надевам нема да се испосечам. Фала на советот. А дали на 13 год можеш да одиш на козметичар??
Би ти препорачала ако сакаш со брич, фати само препони, а другото скрати со ножици. да не ги зацврснуваш влакната, за после ко ќе се депилираш да ти биде полесно. некои типс&трикс за оној период кога почнуваат да растат па се зацрвенува местото? не можам да чекам две недели а треба на одмор да одам, не бива брунки
Сум се депилирала со топол восок , со шекерна паста , и со шербет ..дефинитивно најобро е со шербет ,има голема разлика од шекерната паста -со неа многу повеќе ме боли .. Со шербет болката е помала барем кај мене , влакната растат побавно и се помеки .. Проблем е што јас неможам сама има некој што си го прават дома и се средуваат сами и баш се раат ..
Девојки, последно кога бев у салон заедно со другаркава и восокот некако не ми се допаѓа ама таа со тргање ме здоболи и за пола саат почна да боли два три сати а никој пат таква болка не сум имала второ еве гледам ми се појави две црни точки,што се тие? Сакам да ги откорнам ама страв ми е. Помош.. Благодарам однапред
Никогаш до сега не сум била на интимна депилација веќе неколку год се поминувам само со брич,закажав депилација деновиве ама малку ми е незгодно дека прв пат,освен тоа ми се погоди истовремено и циклусот