Jas bi da otkazes zatoa sto i onaka prvata depilacija e prebolna posle dolgo vreme bricene, a pa pred ciklus ili za vreme na ciklus e haos. Premesti ja porano ili pokasno
Ама не можам така да одам на одмор а да се бричам нема шанси многу ми е болно и чеша кога ќе подникнат едвај издржувам
Ќе си ставиш тампон и готово.... ОД личлно искуство кога ми е циклус најмалку ме боли- една козметичарка ми кажа дека во тие денови хормоните се сталожени па болката е помала.
@nadelinka не можам да ставам тампон ако ме разбираш инаку ќе издепилирам само препони најголем проблем ми се.
Тоа "ако ме разбираш" ќе претпоставам дека е кажано во конотација се уште не си сексуално активна, ама не е проблем да користиш тампони. Хименот може да се скине и додека си физички активна т.е. при некоја активност како возење точак. Невиноста не се губи со тампон.
Јас за интимна депилација море и за нозе и раце ке кажам едно ОГРОМНО ДА! Се поминував со брич 4 години, било срамота да се оди на козметичар, уши варени било срамота. Со тоа бричот на два дена поминувајсе и пак никаков си. Нозе и раце дома со восок си депилирам, а за интима одам на козметичар, и ако имам керка, здравје боже сама за рака ке ја однесам. Значи одете на козметичар за 15 мин. си раат цел месец.
Сум се депилирала со топол восок , со шекерна паста , и со шербет ..дефинитивно најобро е со шербет ,има голема разлика од шекерната паста -со неа многу повеќе ме боли .. Со шербет болката е помала барем кај мене , влакната растат побавно и се помеки .. Проблем е што јас неможам сама има некој што си го прават дома и се средуваат сами и баш се раат .. Депилација со шербет Потребни се: шеќер, вода и лимонтус. за течна смеса: Шест лажици шеќер се ставаат во метално чинивче на жешка рингла и чекаш да се стопат, додаваш шест лажици вода и пола пакетче лимонтус. Мешаш нонстоп додека се згусне и добие бледо портокалова боја. (Ако стане јако како за правење лижавче-петле, фрлај се и почни отпочеток!) Го тргаш од рингла и го ставаш во поголема чинија со ладна вода. Земаш дрвено стапче, земаш од смесата, мачкаш на нога, врз "шербетот" ставаш било какво парче платно, да речеме исечена стара маица, и нагло повлекуваш. за погуста смеса: Дванаесет лажици шеќер се топат со пола пакетче лимонтус. Кога ќе добијат златно-жолта боја се трга смесата од оган и се лади над ладна вода. Полека се зема дел по дел во рака и се меси. Кога целата смеса ни е во рака, се распостила на нога и се залепува добро. После се откорнува. И така залепи одлепи насекаде. И уште нешто да дополнам МНОГУ да се внимава затоа што можете лесно да се изгорете
Дали постои нешто како лосион кој го успорува растењето на влакната? Ако да, дали сте пробале некој кој е ефикасен?
Ја има ли некој користено кремава за интимна депилација, да сподели искуства? И како се справувате со подкожните влакна на интимните делови?
Бев вчера на имтимна депилација со топол восок све ми беше океј и сабајлево се гледам како бели ситни точки изгледа гној е дали е нормално?инаку прв пат ми е
devojki ako mozi nekoj predlog, so sto i da se napram na intimata se nafrlam so sitni mozolcinja i mi se pravi iritacija, so bricot najmnogu mi se pravat zatoa koristam krema za depilacija od koja isto taka se nafrlam a da ne zborame za brazilska mi teci krv i loso e isto taka a plus e bolno , neznam sto da pravam help
Јас имам проблем што после депилација или брич ми се појавуваат ситни бели мали мозолчиња и случајно го открив овај прашак и кога се правам со него немам ништо и влакната растат после 3-4 дена е сега зависи кај секоја кожа е различно.. еден мал совет од мене до сите кои имаат ваков проблем пробајте со ова
Слично на Виит кремот е? Гледав на видеото само со вода и со раката го измива и претпоставувам ги гори влакната и треба да паднат сами? Го бива и за подебели/појаки влакна или само за слаби?
Исто е како кремите и скроз исто функционира. Кај подебелите влакна има остатоци, не ги гори скроз. Тенките ги снемува за минута. Не е лошо, ама не би го користела на интима прашоков, состојките се доста агресивни за нежен дел како интимата. И многу ми е нечиста и непрактична процедурата на спремање и нанесување. Не смее да дојде во допир со вода, па дремев како будала под туш. Не сум ни за бричење, но сто пати попрактично ми е од ова. Пробај го, можеби ќе ти одговара. Мене дефинитивно не. На попуст е мислам во Зегин (~250 денари), инаку е и доста скапо за нешто што би го искористила 2-3 пати, редовната цена е 350.
Го пробав еднаш, се' извади кај мене и тенки и дебели влакна. Зошто процедурата нехигиенска? Го мешаш со вода, нанесуваш ко крема на нозе и миеш после неколку минути. Јас мислам и стругав со сунѓер за подобар ефект. Оти со вода да не дојде во контакт? И не верувам дека е агресивен затоа што после тоа немав ни црвенило ни печење, ништо, а имам осетлива кожа.
Претпоставувам да не дојде во контакт со вода додека да помине предвиденото време за дејство на кремот за да не се измие предвреме. Едит: А ви растеа влакната веднаш следниот ден како кај бричењето или барем малку поспоро?
Кажав непрактична - ти требаат ракавици за да не ја изгори кожата, па мешање, па шлакање со рака. Не е за мене. Непрактично ми е. Извади скоро се и кај мене, ама кај некои влакна скроз се гледаа остатоците иако употребив сунѓер, па за некоја што има цврсти влакна не знам колку би бил најсреќен избор. И му требаат неколку минути да почне да делува, не може да го ставиш и одма да го пројдеш со вода, ништо нема да извади така. До тогаш не е пожелно да се мие со вода или да доаѓа во допир со вода. Ќе ти се одмие и џабе си шлакал. Not my cup of tea, најлошо потрошени 350 денари во животов.
^ Па нормално, треба да чекаш да се засуши неколку минути, нема зошто да се миеш со вода претходно. Кремата се мешаше со стапче ми се чини а се нанесува со ракавици. Јас без ракавици нанесував, ако ми ги изгори рацете ќе ми ги изгори и нозете, нели, логично. Не ме изгори. @violetblue Растат колку што растат после бричење и мислам дека затоа не го купив пак, полесно ми е со брич кога веќе растат повторно за неколку дена.
Па никаде не кажав да се миеш со вода претходно, најверојатно не си ме разбрала. Под "не смее да дојде во допир со вода" мислев баш на тоа, треба да го чекаш некое време и да не миеш ништо до тогаш. Нанесов и со и без ракавица, без ракавица прстите ми станаа пуздер, кожата не. Кожата на прстите е многу понежна сепак. Ништо не се случи со кожата од телото, ама прстите ми изгореа, т.е. имав чувство на тапа кожа неколку дена. Still no, не се исплати гњаважата.