Ич не го купувај. исто е како со брич или со било која друга крема за депилација (со готова крема барем нема да мораш да ја правиш смесата.
Не знам дали сум прашала...ќе прашам пак. Депилација во Ново Лисиче? Одев кај една ама некако не сакам веќе таму да одам, не бев задоволна од тоа како ми ја средува косата, а прави и депилација...па ако ја „откачам “ за едно, не ми се оди за другово таму....Ај предлози и искуства. Фала
Зависи, јас веќе дека сум со години со восок и одам на 2 месеци од прилика, недела дена евентуално порано. Јас одам после добиеното.
posle mensturacija def posto pred e osetlivo i poveke boli..i koga ke sakas ti hahah koga ke smetas deka treba veke koga ke porasnat dovolno za depilacija i od prilika toa e za mesec dva
После колку сакаш. Некои одат штом ќе им заврши, а мене ми се случило да одам и додека имам циклус (тогаш најмалку ме болело)....
Јас одев цела година на депилација но сега искрено размислувам сама да почнам да се депилирам. Страв ми е од инфекции а не знам на кој начин би била сигурна дека работаат чисто и восокот се менува. Би ја прашала козметичарката, но нели секој би излажал во своја корист доколку не работи правилно. Како сте сигурни дека одите во салон каде нема можност да фатите инфекција или како знаете дали восокот се користи повеќекратно? Имам читано дека постоеле апарати кои ги вадат влакната од искористен восок па повторно можат истиот да го искористат. Досега не сум имала проблем, но не сакам да ризикувам.
Шеќерната паста не може да се преработи. Инаку топлиот восок се преработува, ама тоа си го кажуваат козметичарките.
Вчера бев на интимна депилација и видов дека чист восок стави ама местово ми е премногу црвено на насекаде има гнојни точки и ме боли не знам што да направам ставам бебешка пудра чаре некое?
Изгледа до козметичарката не убаво го изработи или пак можеби ти е прв пат, намачкај се со бебешка пудра да ја смири кожата а гној ќе треба ти да ги пукниш и ќе ти остана така како мозолчијна..
И мене ме фати страв за интимата и почнав сама да се депилирам дома со шеќерна паста. Ми одзема време но, завршувам работа. А можеби 3 години одев кај мојата козметичарка, не сум имала проблем со претоплен восок работеше, но ме удрија некои филмови и сега сама се депилирам.
Не ставај лосиони или креми за тело околу препони неколку денови. И мене ми се случуваше истото кога се депилирав со восок, едноставно кожата си реагира така и треба да пројде време за да се стабилизира. Можеш бебешка пудра, а најдобро ми се покажа алое вера гелот (лади и смирува црвенила). Ако пак продолжи да ти се прави вака по наредна депилација, препорака од мене да се депилираш со шеќерна паста. Од неа не ми се јавуваат мозолчиња, само малку црвенило, ама проаѓа за неколку часа. Ништо страшно во споредба со восокот...