И јас почнав со восок, првите 2 пати делумно успешно беше но веќе 3от пат целосно ги отстранив. Шеќерна паста еднаш сум пробала, ама цела се изналепив. Пиши рецепт како точно ја правиш.
За интима ми е доволна една чаша шеќер (гледај да биде стаклена за да можеш да измериш сооднос вода). Вода ставам околу 1/4 или помалце(подобро е помалце) од истата чаша и сок од еден лимон. Додека врие го мешаш постојано на тивок оган, треба да добие некоја златна боја или како мед(малце потемна) За да ја провериш густината дали е готово на крај земи еден филџан со ладна вода и капнувај од шеќерната смеса, ако ти се направи како густо топче или приближно како топче (паѓа веднаш на дното) е готово. Остави го околу 20-30мин да се излади. Мене ако ми се стврдне шеќерот го ставам во микробранова околу 2 минути и тој се стоплува пак. Јас се мачкам со шпатула обично што ги ставаат во восок за толење и се депилирам со ленти има еден ролон (мислам дека е и тоа шеќер) во ДМ и со него има 20ленти кои можеш да ги користиш повеке пати се перат по употребата.Околу 220 денари е цената. И тие ленти ги користам.Ролонот со ленти ти го ставив во спојлер да видиш за кој станува збор Спојлер И јас претходно без лентите или со крпчиња од стар материјал(чаршав) се правев леплива од шеќерот и цела лом но со лентите е милина и чисто Претходно се имам депилирано сама и со восок но тој многу бргу ми се зацврстува и повеќе болка имам со восок. А со шеќерот помалце ме боли.
Штета што нема ДМ кај мене, ама ќе пробам барем еднаш да ја увидам разликата. Јас првите 3 пати кога започнав првично со депилација на козметичар имав болки, сега веќе ништо не чувствувам. Но штом воглавно боли помалку ќе и дадам една шанса. Фала
И кај мене нема ДМ ама бев во Ск и купив од таму. Мислам дека ДМ има само во Ск и во Штип за друго место не знам. Ако одиш некогаш купи си.
Може ли некој да ми препорача салон на партизанска, теодосиј гологанов, за интимна депилација до 200ден
Јас вамо кај што одам за 150 денари е предобро, него дома да се мачам. Т.е. еднаш пробав малку да ја направам смесата ама брзо ми се стврдна и баталив. Инаку сакав да кажам дека со крпиња ме депилира женава и после ги пере, не сум имала проблеми никогаш. Само овој пат ме болеше дека се немав три месеци чепнато, не дека имав некоја потреба особена. Некогаш знае да ми отече местото и се смирува по некое време, но секој пат ме боли при депилација. Речиси никогаш не се намалила болката, секогаш е различно. Еднаш имав пишано дека се депилирав на втор ден менструација и навистина не ме болеше, ама премногу ми е незгодно да и одам со тампон во мене и да ме депилира.
Јас цело време одам на депилација , мислам кога почнав да ги отстранувам влакната , прво со обичен восок , кога останав бремена ми беше страв и си доплаќав за чист восок. Веќе 10 години како се депилирам , со брич никогаш немам пробано и дури до 60 % ми се изретчени влакната . Порано одев еднаш месечно , сега во два месеца еднаш.
Бричена си или депилирана? Ако си депилирана пиши со што? Јас сум имала ваков проблем едно време на потколениците.
Реакција ти е од депилацијата.Стави бебешка пудра или крема.Мене после бричење ми е вака и пекол ми е
Епа толку растат брзо и ова ти е реакција на жилетот. Те чеша претпоставувам, ако имаш кокосово масло намачкај се малку и здравје во Новата година практикувај депилација со шеќерен восок.
Здраво девојки треба да идам на депилација за интимниот дел со топол восок дали после првиот пат се практикува со машинка дома да си се депилирам кога веќе ќе почнат да ми растат влакната?
Леле не со ленти на интима. Ја не можам да поднесам на нозе со ленти- боли... а не па на интима. Само со топол восок или со шеќерна... нешто што е потопло и потечно мислам дека е далеку побезболно и полесно. А зошто со машинка? Ќе си отидеш пак на депилација.
@bakiii Земи црна маст - Ихтиол. Мачкај со неа, ќе ти ги извади поткожните влакненца. Да напоменам, кога ќе ја користиш носи си "постари" гаќички бидејќи остава флеки. И не користи брич/крем. Оди на депилација, раат ќе бидеш 1 месец барем.