Многу боли со депилатор. Оди барем неколку месеци на депилација, малку од малку ќе се изретчат влакната а болката ќе се намали со тек на време (барем кај мене така беше). Потоа ако сакаш сама дома да се депилираш продолжи со восок. Малку пракса треба, но е многу подобро со восок и помалку болно.
Девојки ве молам за помош! Обично пред мензис на инстимните делови ми се појавуваат болчиња полни со гној.. Бев на кожно, бев на гинеколог сите ми викаат дека ми е од депилација. На зима не се депилирав реков да видам дали има вистина во тоа, но повторно ми се прават... Едно го решив хируршки бидејќи го имав 3 год и не поминуваше никако, друго го решив со домат( ставав неколку дена парче домат и го извади цел гној) но повторно се прави на некое друго место. Е сега сакам да прашам дали некој друг има ваков проблем и како го решивте тоа и дали некој знае од што се прават?
Може да се појават и од тесна облека. Јас некогаш кога сум по цели денови во некои тесни фармерки ми искачаат. Не ги лекувам со ништо посебно, ги чекам сами да поминат (неколку дена) и се обидувам да носам пошироки и поудобни панталони.
Исто и јас тој проблем го имам ама како што знам сето тоа е од брич и од восок. Незнам дали имат таков лек :/
Devojki koga odam na depilacija odvaj izdrzuvam premnogu bolki imam. Dali mozam da probam pred depilacija so nekoe pojako apce za bolka? Brufen ketonal spazmeks ? Analgin ne mi pomaga.
Пробај купи го хрватското мелем, ова. https://www.melem.com/ Во ДМ е околу 200-300 денари едно кутиче ама мнооогу долго ќе ти трае. Патем, такви топчиња ти се појавуваат од загноени внатрешни влакна. Меки се и не можат да пробијат, и растат внатрешно и се виткаат. Ако решиш да престанеш да се депилираш/бричиш, ќе треба да минат добри 5-6 месеци пред сите загноени влакна да испаднат на површина. Решението е редовна ексфолијација за да не се затнуваат порите - на секое бањање - и кога ќе осетиш топче, веднаш ставај од Мелемот. Го влече некако нагоре, не знам ни јас како. Јас би повнимавала и на видот на депилација. Можеби погрешно те влечат (или сама ако се депилираш дома) па тоа дополнително ти прави проблем. За мене, нема подобро од шеќерна депилација, се вадат во насока на раст на влакната, а бројот на поткожни/враснати влакна е минимален. Имам пиено ибупрофен и не знам колку ми има вистински помогнато, а колку беше пласебо ефект. Зависи и во кој период од циклусот се депилираш. Пример, пред циклус си поосетлива и е повеќе болно, после циклус и не толку. А и не мисли толку на болката, за 15-20 минути по некое време нема ни да ги сеќаваш.
Има да. Фолисан земи си од Депилеве за интима е специјално за враснати влакна. Јас на моите клиенти им го препорачувам да го земат зашто содржи салицилна киселина и ги чисти поткожните влакна. Верувај ќе ти се среди. Мислам дека од Депилеве ти е некаде 250 денари. Ако те интересира начин на употреба пиши ми лп ќе ти објаснам подетално.
Лејди, каде може да се купи? Јас со шеќерна паста се депилирам веќе година дена, ама сѐ уште имам по некое враснато од порано.
Имаш онлајн на Депилеве страната. Може да се порача. Многу е битно да се мачка секој ден упорно, тоа ти е како ролонче мало и почнува да се користи одма по депилација секој ден се до наредна. Најубаво е после бањање ( дури и да не се бања некој секој ден пак мора секој ден да се нанесува на деловите кои имаат враснати влакна) .
Така ми кажаа и буквално така пренесувам зашто не има секакви по светот. Не ни помислив на тебе , туку да си знаат женчињава дека водата не е пресудна за да се скокне мачкање. П.с. линк за нарачки има на фб на Депилеве директ те носи на онлајнот.
Не, те разбрав не се секирај Само ми текна на еден натпис во некоја амбуланта ли беше, клиника ли беше, не сум сигурна, ама се замолуваа пациентите да дојдат избањати на преглед Си реков да не имаш и ти такви случаи, пошто со жени работиш
Здраво на сите, се зачленив на форумов специјално само за да ги споделам моите искуства со сите вас. Со денови ја читам конкретно темава бидејќи решив да сменам, благодарение на вас закажав шеќерна во Александриа. Долго време користев само брич дека не поднесувам влакна. Исто така важно е да напоменам дека сум екстремно гадлива, би платила повеќе само нека е чисто. Ми беше препорачано студиото "Промедика естетик" (карши рамстор). Одев таму доста долго време. Со оглед на тоа што имам екстремно цврсти влакна, првата депилација си станав и си отидов на пола. Не знам каква сила ме натера да се вратам. Девојчето што ме депилираше не ме утеши баш, па така расплакана полушума си отидов. Продолжив кај нив да одам, пречисто е, преубаво уредено, восокот го фрлаа секогаш во канта итн. Проблемот беше со тоа што треба да се јавам доста време однапред за да ми најдат термин, односот на вработените е катастрофа, а и згора на се тоа, секогаш добивав различна цена. Ми се има случено да го молам девојчето што ме депилира да причека да земам воздух, да ми одговори со: еееј па како ќе раѓаш ти деца , ми се има случено и да молам една од нив да ми прави муабет и само да ме изигнорира, константно ме брзаа зошто после мене имало други. Да не збориме за фактот што со сила ме тераа да ме депилираат по три наеднаш зошто немале време (една рака, една нога, друга интима) , за некој можда тоа е нормално, но за мене беше too much. Со еден збор НЕХУМАНО. Решив да ги сменам баш пред НГ зошто многу ми ги кинеа влакната и зошто сфатив дека сум човек , а не сум третирана така. Резервирав во Силуете нели демек чисти се познати. Не знам какви се другите места, но за мене тоа што ќе го прикачам во слика е хорор соба. Тргнав да бегам (најсериозно). За жал беше ден пред НГ и едноставно не можев да издржам со влакна си реков ќе дадам шанса. Нормално дека беше хорор, ме улепи цела, пола канче ми го мачкаше испокрварев, не знам како ама помалце ме болеше. А тажниот дел е што прв пат ме третираше како човек некој на депилација. Насмеана си искочив, бев спремна да се вратам кај нив само од причина што ме третираа добро ....После два дена приметив дека ми ја откорнала најголемата бемка што ја имам(имав) и што јасно и гласно и кажав да ја пази дека е опасна (на сите им кажувам секогаш). Два дена не можев да одам дека се триеше местото (препони). Само крв течеше, сега личи потсредена ама сепак треба да одам да ја проверам дека нели...бемка.. И така, извинете што вака долго, ама се надевам ќе научите нешто од моето патешествие, па ќе ве информирам како поминало во Александриа. + заборавив да спомнам дека и двете места ми намножија поткожни влакна, цела сум бубуљици, имам и по некоја циста што и да е, а да не ме сфатите погрешно, го фрлив бричот, пазев на должина, пазев да не одам пред циклус, кљункав бруфени пред депилација (дури и не пиев кафе дента, дека прочитав дека може да ја зголеми болката) и уште мал милион работи