@bubbles321 да не те разочарам ама јас од Александрија пред неколку години искочив со плачење. Колку ме болело тоа беше страшно. И исто две одеднаш ме депилираа. Ужас. Платив 1100 за нозе интима, сега цените како им се не знам. Мислам дека општо шеќерната паста секаде боли , бавно иде процесот. Е сега веќе со години се депилирам кај една женичка, која мислам дека е единствената која работи со шербет и крпчиња. Не ја менувам за ништо иако ми е бааги далеку. Не ме боли, брзо работи, за 500 ден ме средува цела. (Нозе, раце, стомаче, интима, буквално цело тело каде има влакна) + 100 за лице ако некој има потреба. Поевтино амин со останатите пари кои би ги фрлила за депилација на други места си се подновувам нешто Инаку во сите салони што сум била пример Афродита с, Аура чинам беше во Аеродром, беше ужас, неколку жени истовремено депилираат, во восокот брцаат истовремено, хигиена нула.
Исто така после неколку часа од депилација можете да се измиете со кафе скработ на балеа кој го има во дм само надворешно повторувам надворешно. Ја намалува иритацијата и спречува поткожни влакна. Чинам @Avery го пофали, па јас си купив две пакувања. Задоволна сум бидејќи и за останатите делови од телото може да се користи. Кожата потоа е мазна и мека.
Дали освен поткожни влакна може и мозолче да излезе како резултат на депилација со топол восок? Мала нерамнина имам на големите усни, надворешно, а кога ќе се допрам малку боли и топчеста форма има. Исто гледам како бело на површината, можеби гној е, затоа не знам дали се работи за внатрешно влакно или обична акна.
И мене ми се случуваше неколку пати истово со топол восок, пробај со ладен. Јас интима само депилирам со ладен а останато со топол и немам ниту поткожни ниту мозолчиња.
Веројатно е поткожно влакно. Ако го стиснеш нема да излезе веднаш. Може да потече крв и не ставам ракија туку се измивам со вода и ставам кокосово масло. Му треба време ако успееш веднаш да го извадиш, си се спасила. Ладен восок не ти препорачувам, боли.
Се повлече сега само од себе. Ама овој пат повеќе ми се иритира кожата откако влакненцата започнаа да растат, некои ги чувствувам поцврсти, како да сум се поминала со брич и малку ме чеша. Со брич секогаш го имав овој проблем, но откако почнав со восок не. Иначе се депилирав пред 3 недели. Досега вака не ми се случило а подолг период сама се депилирам. Иритација веднаш после депилација разбирам ама вака не знам што е причината.. Едит: при крај некои влакненца ги отстранив со депилатор. Можно е да ги зацврстува и затоа да боцкаат додека растат?
Мене така ми се случуваше ако восок бил претопол. Може за време на депилацијата бил супер за тебе но подоцна тоа се случува. По правило не, ама се случува и тоа. Колку време се депилираш?
Две, една на козметичар, една година сама. Може и од восокот е, на почетокот потопол го ставив за да не се здрви веднаш. Ќе пробам прво да олади па да почнам.
Девојки веќе долго време ми искачаат бубулички на интимата и пред депилација и после депилација и многу поткожни влакна имам, што би ми препорачале да се мијам или мачкам за да ги отстранам?? Ставам бебешка крема после депилација ама пак имам и не се тргаат. Другарка ми вика дека ми е од восокот но незнам. Хелпп
Depileve има рол-онче незнам дали го има по продажба некаде јас го земам од кај мојата козметичарка. Веднаш после депилација ми става имам кај неа едно ми стои и дома имам се мачкам секоја вечер, раат сум така имаку мака мачев со поткожни и со мозолчиња и ситни и поголеми болни по 3 месеци не ми поминуваа..
Здраво Помагајте Купив восок за депилација. Но кои се правците на депилирање? Поточно шеќерна паста ...