Девојки, потврдувам и јас за Инфлуенс. Прва депилација правев таму, бев преплашена колку многу ќе ме боли, а поминав скоро без болка. Козметичарката е превнимателна, премила, и покрај тоа што ми беше прва депилација после години бричење, влакна подебели од маж , жената направи да ме боли ептен малку, да не се плашам од депилација и да сакам повторно таму да се вратам.
Бев на депилација денес и сега приметувам на препоните виолетова флека со црвени точки, а и сеуште не ми помина црвенилото и отокот. Чаре?
Или кожата ти е преосетлива или била груба козметичарката. Може и восокот бил топол многу па те изгорел. Јас бебшка крема или пудра ставам на препони, во мала количина за да омекне кожата ама за синица подолго ќе треба за да помине. Следен пат оди кај друга или речи и да е повнимателна. Ако ти било прв пат, црвенилото кај мене скоро два дена требаше за целосно да се повлече.
Дали да се депилирам пред менструација или после менструација како ќе е најубо? Благодарам однапред девојки
Дали некоја ја користела за интима? Не сум ја користела воопшто, да знам дали да ја купам, бидејќи тешко ми е со жилетот да се замарам и да пазам.
Дали доколку сама се депилирам и само јас го користам восокот можам истиот да го користам повеќе од еднаш, односно искористениот восок да го претопам два пати за две депилации?
Кога може во салон да претопуваат од повеќе жени, зашто да не можеш за себе? Секако можеш, само јас никогаш не сум претопувала восок од проста причина - хигиена. Ама тоа е сепак до човек, како сака.
Тоа ме грижи. Дали претопениот восок иако е користен само на мене може да има бактерии на него? Прочитав дека ако дојде во контакт со вода може да се развијат бактерии па и иритации. Не знам дали е точно ова. Не сакам да ризикувам, но некогаш знам да го претопам стариот, кога сум заборавила да купам нов.
Јас професионално нема шанса да работам со преточеп од страв да не направам беља кај некое девојче, и исто така и аматерски дома да се депилирам не би, оти имам фатено ешерихија коли и не можев да излечам после 2 години. Јас од траума ете не сакам. И тоа фатив кај што ме депдепили со години. Ама ова не е секојдневна ситуација, не значи дека ќе ти се деси и тебе. Сепак верувам дека колку и да прецедуваш влакна остануваат секако и ќе си ги нанесеш одново на другата депилација. Но пак ќе напоменам дека би требало да нема проблем. Зависи мила. Но од тебе за тебе. Сепак не би требало да имаш било каков проблем.
Женски хелп, користев веет ленти (воопшто не сум задоволна) и ми останаа розеви гел печати, како да ги исчистам?
Девојки, која е најсигурна варијанта за депилација дома, најмалку да излегуваат поткожни? И дали имате чаре за ранички од поткожни? Последниве 9 месеци се поминувам со машинка, не ме боли, ама поткожните партал ме направија, рани имам, се пренервирав и реков ќе баталам, само ќе ги кратам сега, да ми заздрави кожата, а можда и скроз да баталам депилација, само да ги одржувам кратки. Ич не сакам брич, имам апла цврсти влакна и без тоа, ленти не ми ги вадат, не знам што друго да пробам? Не сум во мк, и немам за давање 70-80 евра месечно за интима.
Зошто не пробаш дома сама шеќерна паста да направиш, па барем половина да ти биде депилирана, а надоле кратки. Јас кога бев во странство исто така не ми се даваа пари, си ги засукав ракавите и така правев, а со шеќерната и не ме болеше толку многу и немав поткожни, 1-2.