Јас имам пишувано за еден анестетик за пред депилација на претходната страна. Го земав од зегин и мене многу ми помага. Ставам пред секоја депилација. Го препорачувам.
Девојки ајде помош ве молам. На интимниот дел ми се појавуваат поткожни влакна. Ајде по 2 или 3 во месец ок. Ама сега се по многу и плус има некои ептен големи дебели меури со гнојче. А на депилација на козметичар одам редовно. Да пробам со црна маст? Делувало кај некоја? Или друг начин, совет?? И второто На задникот имам како мозочиња/акни - како точки се, помали и поголеми. Со што да ми исчезнат??? Одвратно ми е да ги гледам веќе. Ако некоја знае лек, би и била стварно благодарна.
Спрејче. Не повеќе од 300 МКД Пробај со црна маст и смени начина на депилација или козметичарка. Ако постојано ти се прават очигледно нешто не одговара. Потврдувам дека мене ми ги снема од шеќерна така што доколку имаш можност обиди се така. за второ: Обиди се со Здраве крема со цинк да ги исуши или мое последно откритие алое гел (од аптека) околу 300 МКД.
И јас имам проблеми како твоите. Со поткожните се помирив пошто секако ослабуваат влакната од депилацијата и не можат да избијат па јас сама со игличка си ги вадам. А за мозолчињата на задникот кога ја прашав козметичарката од што може да сум толку исфрлена прво што ме праша дали работата ми е седечка, и пошто ми е таква работата цел ден седам пред компјутер рече дека е од тоа и да ставам бебешка пудра. Ако има некој долготрајно решение за поткожни добредојден е секој совет
А ти поминаа од бебешката пудра?? И како се нанесува, кога? Колку време и сл? Алое гел? Го имаш испробано ти лично? За колку време резултати и како се нанесува? А таа кремата од Здраве, имаш искуство со неа?? И исто и за неа како се нанесува? Прашувам детално, дури и смешно за некој, но ме интересира се се, за да си поможам. Ова не се трпи веќе
Не сум нанесувала редовно кога ќе ми текне ќе се напудрам ама ништо посебно. Така да не можам да ти кажам резултати. Нема посебен начин за нанесување, едноставно ќе се напудриш и толку. Кога сакаш и колку сакаш, не е ништо штетно, бебешка пудра е...
Кремата од Здраве нанеси ја кога сакаш само остава бела трага бидејки има значително количество на цинк (цинкот е тој што суши мозолчиња). Нема ограничување колку ќе ставиш и колку пати. Во однос на алоето - го користам скоро цела година на ЕСИ (италијански бренд)- сум пробала обичен гел и со чичково малсо и двете се супер. Алоето го корстам и после депилација дека веднаш јас смирува кожата и го намалува црвенилото. Сум заблелжала дека со акните (на лице) е магичен, не ги повлекува, туку како магично да ги смирува и да ги повлече. Се надевам ти помогнав.
Здраво девојки, сакам да одам на интимна депилација прв пат па препорачајте која е најдобра, и колку време е мазна долу?
Пробај го хрватскиот мелем, чуда прави за внатрешни. За неколку саати ги вади, сами си излегуваат. Мало, сиво кутиче со виолетови букви, околу 200-300 денари е кутичето. Можеш и редовно пилинг да си правиш, плус ова со мелемов, ќе немаш мака. А да, и од мене совет за шеќерна!
Хрватскиот мелем од аптека??? Пилинг на интима или на задникот кај мозолчињата? Или на двете? Иначе почнав со црна маст од вчера и малку намалија..
Да, да, тој. Чудо невидено е за внатрешни, го смалува инстантно отокот и после влакненцето само треба да го чепнеш и испаѓа. Што влакна имам извадено со тој мелем. Можеш и на двете места пилинг, мислам ќе има ефект. А комотно ставај од мелемот и на тие на задникот, одма поминуваат.