Девојки хелп... Од секогаш сум се депирилала ама срга почнав со брич.. И кога се депилирав и сега околу препоните ципите да речам имам ко мозолчиња црвени точки ама цело време ми седат никако не пагат.. Кажете некој лек лето иди ќе неможам купачи да клам
Мене од шеќерната депилација малце како да ми се потсмирија тие црвени мозолчиња ама пак ги имам.. баш решение и не знам а и не сум нашла. Се мачкам со Здраве а и имало некоја црна маст па и таа помагала амс ја немам пробано. Имам другарка ја има купено Филипс Лумеа и ми вика дека многу и помогнало и за тоа и не и искачале толку црвени точки и бубуљички.
Јас земам путер восок на depileve наменет само за пазуви и интима. Околу 1000 ден за 1 кг. Таков користам последниве 5 години, презадоволна сум и не би го сменувала за ништо.
Топилката ми е од порано, не доаѓа заедно со восокот. Восокот го порачувам од http://frizerskaoprema.mk/ Разгледај, има повеќе типови на восок за депилација, можеби тебе нешто друго ќе ти одговора повеќе.
Ако имаш малку повеќе време и живци и трпение да експериментираш со домашно направен шеќерен восок, од се срце би ти препорачала. Јас маки мачев по салони, дома со различни восоци дека имав алергиска реакција од восок и многу поткожни и многу малку ми се изретчија влакната. И лани прв пат пробав шеќерна депилација и се заљубив. Ниту ја иритира кожата, лесно се користи, поткожни 5 6 дали ќе ми искочат, влакната ми се изретчија скроз, а предтоа на 2 недели се депилирав, сега на 1 месец.
Дома го правам, 12 лажици шеќер, 4 вода и 4 лажици лимон и го варам прво на повисока температура(2мин) па на пониска додека не добие карамелна боја. Оставам да се излади, за да биде на некоја собна температура. И правам топче, го месам убаво додека восокот не е веќе проѕирен, тоа е најважниот чекор. Се надевам дека убаво објаснив.
во аеродром само во the beauty room https://www.facebook.com/thebeautyroombyp/ јас веќе некое време одам и многу ми се ок и чисто и професионални се. Ете линк пробај
Девојки како ве депилираат со шеќерна ? Го топат восокот , мачкаат, и со ленти влечат или со раце ? За колку време завршувате. Комплет?
Во Инфлуенц едно топче ко бомбица те поминува целосно. Со восок за еднократна употреба,мачка со шпатула и влече,без лента со раце. Двете за максимум 15 минути,некогаш и побрзо