Балеа со 5 сечила е одличен! Топла препорака. Го користам година дена, секако со менување на сечилата.
За поткожните, црна маст и редовно измивање со млака вода. Вчера имав ОГРОМНА поткожна , 3 пати со мака вода се измив, денес е 1/3 од вчерашната големина. лумеа е спас инаку.
Да фала срц, и Црна маст е пробана, се намалуваат ама не е то то. Лумеа значи е спасот. А за акни на задникот?? Лек за тоа??
Може да ти е од облеката. Другарка знсм откако долната облека ја переше по 2 пати и со нежен омекнувач, го среди тоа :/
Јас тие од десно ги користам веќе неколку години, супер бричеви се. Инаку, се депилирам на интима ама бричам нозе Кога сме на тема депилација на интима во време на пандемија, ја пробувам Лидера кремата веќе двапати и морам да признаам, далеку подобра од Вит и компанија. И полесна за употреба, не треба да гребеш со тоа шпангличето. Лидера прашок е уствари. Не е идеално како после депилација ама за у вакви услови е топ. @NarCis@ и @Mishela нема да ме чита Венко на вести, кренав раце од депилирање сама.
И мене нема да ме чита, слаба ми е ракијата Реков на нозе да повежбам прво со шеќерната паста, ама влакно нема ни за лек. Со @Mishela сме префрлени во темата за плавуши, па моментално депилацијата одмара
@Doozy, @NarCis@ Јас се издепилирав што се издепилирав, ама косава тешко да ја оправам сама. Новајлија антиталент. Журка ќе биде за една-две недели. Ама фала и на толку, ајде литл тингс ин лајф, горда сум што не си направив модринки, мислам наредниот пат веќе ќе бидам подобра ама уплав имам од влечење лента на препони. За тоа посебна припрема. На нозе ич не ме болеше, на бркот прв пат во животот да не добијам брунчиња после депилација, абе за мерак.
И јас се мислев да ја земам Лидера за да се средам на интима ама малце бев скептик.Сите влакна ти ги отстрани? И после колку време почнаа да ти растат?
Јас си купив и апарат Pro wax и топилка за ролон. Вчера си ги средив нозете со ролон восок, а со топол ќе пробам интима. Не работат салоните, морав 2 пати со брич, џабе толку одење на козметичар. После брич веднаш се згуснаа и за 2 дена подникнаа. Инаку, го пробав и апаратот, добар е, имаше и восок со него во пакувањето и шпатули.
Зачудувачки, да, сите. Тоа со Вит се немаше случено. Е сега, јас се депилирам редовно веќе 5-6 години, така да, мислам дека и тоа има врска. Ама супер задоволна сум. Со брич јас не би, ме чешаат кога растат после.... ова не чеша.
Епа и мене со Вит не ми се вадеа сите,затоа те прашав.А инаку и јас се депилирам редовно 6-7 години така да би можела да пробам со Лидерава Фала тии Ии да те прашам од кај ја купи и колку пари?
Од ДМ, околу 300-350 денари, така нешто. Ептен е фино спакувана, има упатство, мериличе, стапче, раквици... Пробај баш, мислам за тие пари нема што да изгубиш, па здравје, ќе се депилираме после пандемијава
И јас си нарачав исто како тебе, но се мислам ради интимата, мислам дека нема да можам сама... А за рол-онот хартиени ленти за отстранување на восокот каде можам да најдам?