Некоја што бричи интима да ми каже како се справува кога е во бикини. Кога подникнуваат влакната сепак се гледаат како црни точки, а ако се минам секој ден рана ке се направам. Дали е изводливо делот каде што растат влакна, а е надвор од бикините да го депилирам со ленти? Дали се ефективни пред се?
Сепак ќе треба да ги оставиш влакната да пораснат барем пола цм, за да можеш да пробаш. Пробај прво со ленти но ако ти се влакната зацврстени од бричот не знам колку би било изводливо. Ако не успееш со ленти, би ти рекла на препоните да пробаш со восок. Барем за мене не боли премногу на тој дел а и во зависност од тоа колку брзо ти растат влакната, барем 2 недели ќе си на раат.
Женски ми треба помош. Дали за интимна депилација сте користеле депил крема? Дали ви се случило да се исфрлите и која е најдобра?
Јас користев цело лето, од Veet. Најбезболно е, треба да внимаваш само да не го оставиш кремот предолго затоа што може да те изгори, кога ќе видиш дека „се виткаат“ влакната или омекнуваат тогаш вади. За мене е со крема најубаво заради тоа што не трпам таква болка, но од пусти страв демек хемикалии ова она ја баталив... ама искрено немав никакви несакани дејства, никогаш не сум се нафрлала и секогаш било мазно. Но, ако имаш подебели влакна можеби нема 100% сите да ги извади, исто се случува и со пократките.
Јас имам користено 2-3 пати од Veet розевата ама не ми ги вадеше сите влакна,а и напорно ми беше гребењето со шпатулата.Сега последен пат се депилирав со Лидера прашокот и морам да признаам дека ми беше доста подобро од кремата.Сите влакна ми ги тргна,имав минимално црвенило ама сама сум крива дека малце подолго го оставив да стои,се тргна наредниот ден.Е сеа ефектот е речиси ист како со брич(освен што не ги зацврстува влакната и не растат погусти),после 2 дена веќе почна да боцка. Ама за овој период е доста ефикасно
Си прави ли некоја дома бразилска? Редовно идам на депилација ама сега ми е страв па купив ленти и висок ама страв ми е
Јас карантинов два пати сама се издепилирав со ленти восок, првиот пат ептен се измачив додека сватив како да тегнам, вториов веќе искусна за 20 мин. готова бев. Ништо страшно
Не е страшно, само затегнуваш убаво за да биде поефикасно а со тоа и помалку болка. Јас ти препорачувам со топол восок следен пат.
Јас со восок би пробала. Прво е малку комплицирано, дури сфатиш како е најефикасно и како најбрзо да успееш, но со секој нареден пат ќе биде се полесно и побрзо. Јас сечам коцки платно и така го вадам воскот, чудно ми е само на восокот да повлечам. Пробај и така и така, ќе видиш на кој начин ќе оди полесно.
Здраво. Машко сум, не сум се депирирал до сега, али сега сакам. Препорака каков тип, како оди? Малце изгубен сум. Дали да користам ленти? Иначе немам многу влакна а сакам грб и стомак/гради.