Мене со топол восок ич не ми одговара,од тегнењето ми искочи една жлезда на препоните дури докторката ми рече не ти препорачувам и плус ми гноеа како ситни тие не знам од што се јавуваат и морав да преминам на брич ама многу е лошо колку чеша да ти иде да се издрапаш сред улица..
Знам, претерано чеша. Шеќерна претпоставувам и тоа не ти е опција, макар што немам пробано но сум читала тука дека имаат доста позитивно искуство и иритацијата е помала. Сум читала за алое како што ти спомнав, ама сепак мислам дека штом ги сечеш влакната а не ги отстрануваш цели, стануваат поцврсти и затоа иритацијата е поголема кога никнуваат. Нека пише некој ако има слично искуство. Јас баш заради ова, престанав со брич, со восок го немам овој проблем.
Женски, едно прашање. Можда малку е глупаво и ми е скроз незгодно ама ај да си прашам. Прошливе два месеци ми се направи хемороид, и сега не ми е активен и си стои не се повлекува едноставно. Страв ми е да одам на депилација а и незгодно дека ми е тоа така. Пред тоа си немав ниакков проблем за депилација, се најнормално. Дали некоја што има ваков проблем испаднало се океј кога отишла на депилација? Дали да и напоменам на козметичарката за проблемот за да внимава околу тој дел?
Кај секој е различно на некој може за две недели, а на некој за една недела. Се зависи од тоа колку брзо ти растат влакната после депилација на другите делови од телото.
Едно по друго прашање Дали преферирате бразилска депилација или пак некоја "фризура" на интима. Сакам да сменам малце да направам нешто како линија или слично нешто
Devojki na zadnik mi izleguvaat crveni bruncinja se dodeka ne mi zarasnat novi vlakni. Dali nekoj ima slicen problem sto go resil? Znaci smaceno mi e od depilacii. Isto taka na noze, okolu lreponi vrasnati vlakna. Nz veke sto da stavam. Ponudete nekoe resenie
Да се пофалам, денес се издепилирав на интима, сама за прв пат, со восок (и топилката). Последен пат бев на депилација пред неколку недели, и сеуште не ми беа многу израснати влакненцата, и подобро така. Ставав многу мали лентички, и не беше толку болно како на козметичар. Се на се, успешно беше, задоволна сум.
Не користев ленти. Само стопив восок во топилка, го нанесував со такви стапчиња, и го вадев со раце. И восокот и топилката ми се од АлиЕкспрес, ама ептен ми се погодија. Спојлер: Слика Восокот е супер. Не ми направи никаква иритација или црвенило (или можеби до рацете ми е, и техниката ). Доколку не ти се чека, има восок топчиња во ДМ. Купи си од тие, и стопи ги во некое канче. И само полека, делче по делче. И затегни ја кожата кога ќе го ставаш и вадиш восокот. И јас собирав храброст долго време. И сигурно пак би отишла на козметичар кога нема да имам нерви. Ама ете за понекогаш супер е. Среќно!
Девојки, ајде сега јас да се пожалам Денес за прв пат пробав да си ги издепилирам пазувите со восок на Иви и беше ужаааас, катастрофа. Кога го ставав се беше океј без проблем но кога требаше да го извадам дури и се раскрварив, премногу ме болеше, ми се кршеше восокот таман што ќе се решев да го повлечам цел И џабе, сите влакна стојат Е сега, имам поконкретно прашање: На 1ви ќе одам на одмор, 10 дена, во дилема сум кога да се издепилирам на интимата(доколку биде успешно не ко денес), на нозете немам проблем, за да си бидам раат..Планирам негде на 30ти иако сум цела срасната со влакна а најавуваат жешки денови
Да не го оставаше восокот премногу долго, па затоа да ти се кршел? Јас го оставам 10-20 секунди, зависи колку дебела лентичка сум ставила, го проверувам, и ако не се лепи на рацете, веднаш го вадам. Не чекам многу. Обиди се така, ама прво на нозе/раце, и види дали ќе ти успее. Или евентуално да не е нешто до восокот? Не знам каков е, не сум го користела. Но ако имаш шанса и замени го со некој друг па ќе видиш дали има разлика. Сепак колку почесто се депилираш, толку полесно ќе ти биде и ќе знаеш колку точно му треба на восокот да се подзасуши и да се извади.
Ако се бричите, после измијте се и посипете беби пудра. Талкот во пудрата ќе спречи зацрвенување и воспалување на кожата.
На времето кога се бричев, се посипував и никогаш не бев црвена и не ми иѕлегуваа акни. Сега се депилирам со ленти, се посипувам и пак немам проблем. Но, секоја кожа е различна, ама верувам дека вреди да се проба. Го препорачувам чисто заради тоа што смирува егземи и чешање. затоа и го користат кај бебешката кожа. Тогаш пченкарно брашно
Тоа може. Таман ако е влажна и проја ќе се направи. За талк имате масовна тужба кон Џонсон анд Џонсон, од куп жени кои заради користење на талк на интимните делови завршиле со рак на јајниците
Па можеби стоеше малку повеќе бидејќи ме болеше не можев да се убедам да го тргнам Сега се двоумам за на препоните бидејќи таму се депилирав со депилатор на Philips, но не сум баш премногу задоволна бидејќи имам мнооогу поткожни влакненца Сега ми се пораснати и малку како иритирани, не знам дали да пробам со восокот или пак со депилаторот..да не се направам лом за на одмор