Јас се проаѓам со брич зошто ми е премногу страв од депилација на козметичар, т.е болката да се депилираат бричени влакна. Секој месец си велам ајде следен пат на козметичар и никако да си соберам храброст. Дајте некој совет девојки, 2 години редовно со брич се проаѓам..
Па нема некој совет ххах мора да отидеш и готово. Веќе кога си таму , нема назад. Јас така цел живот со брич и еднаш отидов и кога ме фати таа за 15 мин ме заврши и после раат бев и си почнав редовно, и да уште боли и ден денес али се издржува затоа што 2 3 секунди боли и поминува после. Подобро оди што порано бар ќе ти се изретчат колку толку него ли цел живот со брич да се мачиш. Закажии
Zdravo otprilika kolku dena treba da se ostavat vlaknencata da porasnat za da se odi na depilacija prasuvam bidekji sakam da odam a do sega samo so bric se pram
Две недели најмалку, зависи колку брзо ти растат. Подобро е да се малку подолги, полесно се отстрануваат и нели целосно сите ќе се израснати.
Дечки го купив апаратчето за топење восок (pro wax) и си земав и восок, сега уште да се наканам да се средам До сега се правев со брич, кажете ми од кај да почнам, како да терам и кај да пазам?
Апаратот е супер, јас го имам од март некаде и сум задоволна. Кога сакам се средувам (мене секако брзо ми растат). Штом досега си била со брич, да знаеш дека ќе боли, ама издржи, после ќе се навикнеш. Стопи го восокот на максимум, после стави на медиум или помалку, зависи како ќе ти треба да си регулираш топлина. Пробај на мал дел да не е жежок, ако е во ред, со шпатулата нанесувај по малку во правец на растење на влакната, почекај да се стврдне и влечи брзо во обратен правец. Така почни по малку ( јас така правам оти на козметичар знаат поголем дел да намачкаат, па влечат и боли повеќе). Почни од горе и терај кон усните, ама таму боли, стварно. Се депилирам со топол, па шеќерна долго време, сега сама дома, усните секогаш ме болат. Малку е зезнато за задникот, ( ако имаш кој да те среди уште подобро, мајка ми не се нафаќа, па морам сама) ама ќе се навикнеш, се надевам објаснив. После тоа, ставам бебешко масло да го отстранам восокот, па пудра бебешка за црвенилото.
Здраво девојки, да ми препорачате депилација во Ѓорче, но битно ми е восокот или ш.паста да се за една употреба, да не претопуваат?! Фала ви