Има да порачаш од интернет бубамара продавница, јас го земав од таму, ама бев до продавницата ако си од Скопје така ќе ти се исплати повеќе, да не плаќаш достава
Здраво женски, јас се бричам на интима и сама се депилирам со шеќерна паста на препони, нозе, раце. Сакам да почнам да одам на козметичар за интима, но малку сум несигурна затоа што сум дебела. Тоа го прави процесот покомплициран и ми треба некоја што знае да работи со дебели луѓе, да не си одам цела со модрици. Плус имам слушано хорор приказни дека одбивале дебели жени или наплаќале дупло и малку ми е одбивно. Дали имате предлог за некоја што работи во Центар?
Го имате ли користено апаратчево за депилација? После употреба восокот се фрла така? Од каде купувате дополнителен восок? Го најдов на неколку страници, од која сте имале позитивни искуства? https://onlineshopping.mk/product/pro-wax-100/ https://makstore.mk/index.php?_route_=pro-wax-100-aparat-za-topenje-na-vosok-za-depilacija
Јас ја имам топилката. И треба околу 15-20 мин да го истопи восокот, мене малце ме нервира тоа чекање особено кога сакам на пример и раце и нозе да издепилирам од еднаш па брзо ми се троши истопениот восок и треба одново да правам пауза додека да се истопи пак. Не е претопол восокот и безбедно е за домашна депилација, не е некоја филозофија. Восок за топење има во дм, имам гледано и на пазар, а има и од депилив за нарачка.
Од дм немам купено одамна, памтам дека беа жолти гранули ама цена не. Мислам околу 150 ден дека е кесичка од 100гр., во просек толку чинат
Може со топла вода, инаку восокот брзо се стврднува. Поголемиот дел што ќе ти остане можеш да го извадиш пред да ја исклучиш топилката, додека е топол јас некогаш го оставам во садот вишокот
Тоа и јас си помислив, да го оставам вишокот до следно користење. Мислам дека ништо нема да му биде. Порачав па ќе видиме како ќе бидам задоволна.
Хелоу!!! Сакам да ве прашам колку пакетчиња восок одприлика ќе ми треба за во апаратчето да депилирам нозе и интима? Поздрав!! ❤️
Со 250гр восок се депилирам 4-5 пати интимно. Нозе не депилирам со путер восок, туку со ролон и не можам да ти кажам колку ќе ти треба.
Порано земав путер восок што беше 1кг околу 800 ден, ама најдов исто путер само во гранули 500 гр 300 ден и ми е поубав. Ама наменет е само за интима и пазуви.
Ако се мислите дали да си го нарачате апаратчето, ич не му ја мислете Си го земав најмногу заради интимна депилација, првпат сама се напраив (малце поплакав), ама со секој нареден пат се ретчат влакната, стануваат помеки и раат сум конечно Сегде се правам сама, со помош на огледало и многу ми е практично, не знам како до сеа сум се бричела, за два дена боцкав