Внимавај со овие масла, ако имаш осетлива кожа може акни да предизвикаат. Пробај еднаш, немој да претераш. Колку што имам тука читано искуства на темата, добра замена било алое вера.
Истиот проблем го имав со години ( депилација со восок ) и конечно најдов решение. Го користам интимниот гел Jessa-син од ДМ и на сува кожа нанесувам Pantenol sprej 5% (ова е лекот), го има скоро во сите аптеки околу 240 денари е. Конечно сум раат на таа тема Имам се пробано разни масла, бебешка пудра.. и да канестен кремата ме смируваше ама нанесував по 2-3 пати на ден, искрено пренапорно ми беше со канестенот.
Здраво Да ми препорачате топилка со ролон од која да земам и од каде? Имам гледано од ItalWax, но гледам има некои и од 300 400 ден. Не знам дали има некоја разлика.
Таа на veet никако, премали се патоните, па мора само од нивните да земаш. Видов во jumbo топилка ролон, немаше цена, а и не знам колку е квалитетна. Italiwax видов во cosmo од восокот сум задоволна, се надевам и ролоните се океј, на deplieve (или како и да се викаат) ми се скапички, но восокот ми е супер. Гледај да е 100ml, т.е. универзална, за да можеш од секаде да си купуваш патрони.
Како се справувате со поткожни влакна на интимата? Дома се депилирам сама со топол восок, не сум многу влакнеста ама почнаа малце поткожни да ме мачат дали може пилинг на таа зона?
Што мислите на депилитање со ленти? Сакам да пробам но не сум сигурна, не знам дали создава иритација и дали сите влакна ги вадат лентите?
Јас секој пат кога одев на депилавија ми беше непријатно, баш поради фактот што претходно се бричев и имам многу јаки влакна и успат сум поише така полничка и ми влезе во памет дека сите козметичарки што сум ги пробала ми правеле фаци. И пак не се наканив да идам, продолжив дома со брич, но последните 2 пати ми се јавува поткожно големо влакно, или акна, што ме боли два три дена како инфекција, фала богу канестенот е тука за спас, и неможам да спијам/седам со неа. Па пак се предомислив и ве читам вас, така што си ја порачав топилката и italiWax и ќе пробам за некоја недела, нели за повеќе да пораснат. Ме фаќа страв, па затоа и пишувам, некој tips&tricks? Да земам креветот да го гризам при првата депилација? Читав некои членки подолго време сами се депилирате дома, браво, ме инспириравте
Сум пробала, малку е поболно бидејќи сепак е ладен восок, сите влакна ги вади убаво, зборам за лентитр на veet, други нрмам пробано