Имаат кесички во ДМ да, по 100 грама мислам за околу 80-90 денари. Јас си нарачав восок од страницата од каде што го порачав и апаратчето и преубав е восокот. Имаше различни цени зависи колку восок сакаш. Ако сакаш да видам која беше страната да ти кажам?
fala tii sepak od dm ke kupam vosok bidejki sega go zemav aparatceyo pa mi stigna i malce vosok so nego
Порано користев ваков рол он ама наместо восок имаше внатре шеќерна паста, подоцна веќе никаде не можев да најдам. Да не знае некој дали воопшто уште постои такво нешто и каде можам да најдам? Види го прикачениот фајл 673916
Дали одите овој период на депилации кај козметичари? Ве читав претходните страни, гледам многу задоволни од Марина во К.вода сакам да прашам некој што иде баш овој период кај неа ако може да ми пише лп?
Според вас, која депилација е подобра за интима, ладен или топол восок? Јас се депилирам со топол, но имсм читано дека со ладен побавно растеле влакната и се изретчувале побрзо. Мене почнаа поткожни влакна да ми се прават и на интимата и на нозете. Дали е до козметичарката или до мене? Башка остава влакна, од брзање. Се мислам да ја сменам, па не знам да тражам со топол или ладен восок што депилира?
Точно е тоа дека со ладен восок побавно растат, но имај во предвид дека ладниов восок повеќе боли, доколку имаш повисока толеранција на болка тогаш барај со ладен восок, доколку не продолжи си со топол.
Здраво девојки. Дали може да ми пропарачате козметичар за депилација во близина на Маџир маало, Веро Џамбо и Железничка? Ви благодарам
Од како почна короната со брич само се правам , некако ми е ризично да одам на депилација . Пробав еднаш сама со восок и никогаш повеќе едвај ја извадив лентата премногу ме болеше .
Здраво може да ми препорачате козметичарка во Тетово од каде што сте задоволни итно ми треба. Фала ви
Јас никогаш не сум одела на депилација во козметички салон ниту пак дома сум пробала да се депилирам на интимните делови. Цело време се бричам и до сега сум немала проблем со мозолчиња или слично затоа што многу малку ми се појавуваат, а за брзо поминуваат, само сум имала проблем со чешање, но избегнувам да се чешам, така да немам баш проблеми со тоа освен што треба почесто да се бричам.
Мене козметичарката збрки ми направи. Ми збореше како топлиот восок бил претоолуван, негде и стар по една година. Подобра алтернатива демек ладниов. Со ладен и мене ми се направија многу поткожни, а ги немав. И многу повеќе боли. Не знам што да правам. Топлиот восок ко мачкина кашлица. Воопшто не болеше, ама ова со претоплувањето ме мачи.
Распрашај се каде одиш на депилација за топол восок, каде имаат работа секако дека не може воосокот и по 1 година да седи во машината дека и тој се троши кога се претопува.
Здраво, дали може некој да ми препорача салон во Скопје каде што депилираат со шеќерна? Или пак со топол восок?
Се заинтересирав за шеќерна депилација, претходно се фаќав со брич. Се одлучив за Инфлуенс, видов доста е фален салонот по темата. Дали знае некој обично за колку дена закажуваат од јавување и која цена е сега? Исто и некои препораки дали за пред или после депилација за спречување на црвенило и поткожни?☺️
Беше таму? За нив дојдов да прашам тука конкретно за шеќерна депилација, а ако имате некоја друга препорака пишете.