До сега се со брич на интимата, па ми се смачи и земав со ленти да се издепилирам крв си пуштив, а верувам дека и со восок исто би ми се случило затоа не ни пробувам... Нешто друго да ми препорачате за интима што нема да е толку болно и би траело барем една недела?
За интима само топол восок. Кремата ти е исто како брич, ем не вади од корен, ем ќе ти подникнат за 2 дена. За мене само топол восок, барем 2 недели сум раат.
Даа знам дека со восок е поинаку така и се средував,но во моментов не сум во состојба да се депилирам, и барам друг начин
Женски, топилките за ладен восок, дали сеуште ги има во Џамбо? Пред некој ден како да ги немаше, или не сум ги нашла јас
Девојки овој што се користи во салоните, го видов во ДМ. Знаете ли како се користи во домашни услови?
Овој восок е супер. Јас имам ваков апарат за топење. Се вади делот внатре како мала кадичка што е каде се ставаат зрнца восок (претходно таков користев) и се става овој. Се топи внатре во садот и после дел од восокот растопен си претураш во кадичката од апаратот што е. Нема потреба целиот да го претураш, колку ти треба толку, после тоа топлина си регулираш додека се депилираш. За нареден пат, го топиш овој и си претураш во садот.
Ќе го најдеш, го има и на други онлајн што се продава. Раат е, искрено. Кога сакам се средувам, со еден восок од 400 и нешто денари 5-6 пати се депилирам. Мене ми е подобро и поисплатливо оти брзо ми растат секаде влакната. И искрено не ми се даваат толку за козметичар