Одам на козметичар за интимна депилација, како и секаде по телото и тука несакам да ми е нечисто, најбезбедно и сигурно ќе се отстранат а за болката е малку поголема ама постои навика како и кај нозете така и тука. Мене воопшто не ми смета.
Здраво девојки, На нозете и на рацете речиси и да не ми раснат влакна, дури и да пораснат, тоа се многу малку и нежни под коленото. Затоа и со години се поминувам само со брич, но размислувам периодов да си закажам депилација, за и тие малку на нозете и рацете да ги изретчам и тие на интимата постепено да ги омекнам, затоа што со брич веќе се напнувам дека треба на секои два-три дена. Дали може совет за пред/после депилација како да го подготвам телото (пилинг, израснување на влакна, млеко после депилација, кој период пред/по циклус и сл.)? Исто, прочитав дека сте најзадоволни од шеќерната депилација и од салонот Инфлуенс. Дали тој салон се уште работи на истата локација со шеќерна депилација и дали имате инфо за цени? Ви благодарам многу!
Најмалку болна ми била депилација 2-3 дена по циклус. Треба да ги оставиш да растат околу 6 недели. По депилација не мора да се мачкаш со ништо, носи памучни гаќички и поширока облека.
Искуство со Wellneo Supreme Blade wet and dry? Дали работи исто како брич и останува кожата мазна откако ќе пројдеш? Спојлер: Слика https://wellneomk.azureedge.net/med.../w/e/wellneo_supreme_blade_wet_and_dry_01.jpg
Колку е паметно да ја пројдам цела интима со депилатор (ако не умрам од болки). Се бричам таму цел живот.Еднаш пробав, и Господ го видов Или со Вит ленти? Секој ден се бричам не ми е проблем, ама мора да сум неколку дена без влакна.А не можам да се бричам Неам ни за на деп време Депилатор или ленти?
Пааа...зависи колку се пораснати влакната. Ако се кратки нема да можеш да ги извадиш со лента. А со депилатор боли. Да пробаш со оној восок што се топи? Има восок во топчиња и шпатули во Космо.
Со депилатор пак Господ ќе го видиш. Со ленти зависи која должина и густина ти се, искрено не препорачувам. Најдобра опција ти е воскот во гранучи и со него да се издепилираш
@Aztec шо пари се? Иначе некои 2-3цм ми се Ако не ќе купам И онака неќам да се бричам веќе Не ради нешо друго, живи рани се праам Секој ден или секој втор ден се бричам
Другарка има купенл сет за 500-600 ден И супер врши работа На крај краева таков ќе зеам Само уште тоа дома ми фали
Оооо ич не се сеќавам, од некоја страна на фб беше, пред 2 години ја земав. Во спојлер ќе ти оставам една страна која сега прва ми текна што може да има такво нешто Спојлер: Фб страна
Си купив вакво од ДМ, и не знам што очекував внатре да има ама сега не знам како да го стопам пошто иде во целина, како свеќа. Имам топилка Pro Wax, да го извадам тенџерчето што иде со топилката и да ја ставам конзервата внатре мислите ли дека е безбедно?