Zenski nekade niz skopjevo centar kapistec cair dali znaete nekoj sto depilira intima ama so cist vosok topol da ami preporacate?? İ nekoj sto so topol vosok uspeva sama doma da se sredi da mi pisi na lp please
Малце доцна гледам, но вакво слично имам топено на рингла, во тенџере со зовриена вода. Чекав барем малку да почне да врие водата и ја ставав кутијата. Брзо се топеше восокот, го промешував со шпатула од тие дрвените ко стапчиња од сладолед. Топилка немам, па вака се снаоѓав, вршеше работа.
Можеби не е соодветна темава за прашањето- доколку некоја од членките може да сподели кои продукти ги користи пред и после нега на интима? Воглавно, што користите пред да се средите со жилетче? Имам пробано едно од ДМ, портокалово беше чинам, ама пак ми ја иритираше кожата.
Здраво. Дали може да ми кажете салон за депилација каде има опција да ме депилира на интима со восок за една употреба. Без разлика на цената.
Жени ајде помош веќе една година се бричам секаде нозе и интима, ама денес решив со депилатор да ги поминам нозете и не ме болеше ич, ама на интима го видов Господ. Е сега за дс не го видам пак дали со вит лентичики да се фатам? Должина таман за депилирање имам дали некоја се средува со вит ленти?
Со Вит ленти уште полошо е (барем за мене), не ги фаќа доволно на интима, повеќе восок треба од тоа што има на лентата. Ако сакаш дома со восок најдобра опција ти е е вакво апаратче и восок
Па нормално дека боли, како и се осуди да ставаш депилатор на интима? Јас со години депилирам раце и нозе со него, ама интима не ни помислувам. Мислам дека и во самото упатство има напомена да не се користи на тој дел, не сум сигурна. Инаку, како што ти пишала другата членка, апаратот е закон. 2 години го користам, си купувам восок од Депилеве, ем се средуваш кога сакаш, ем поефтино од салон, ем се ретчат и омекнуваат влакната.
Пробал некој со шеќерна паста на интима во домашни услови? Не ми се иде по козметичари. Со бикче пробав и пена за бричење ама многу ми се иритираше кожата, црвенила и пече многу. Најлошо е после 2-3 дена абе чеша немормално. Некој совет дајте ми што да правам?
Сакам да се пробам на интима со апаратчето за восок што го имам,но не знам каков восок да земам. Овие гранулите се многу слаби а и брзо се сушат и не можам да го одлепам. Препорака за восок, само да напоменам немам Дм овде.
После депилација ми се појавуваа црвени точки па што да ставам за да помине побрзо освен бебешка пудра.