Искуство со студио Инфлуенс во Аеродром? Важно ми е да е чисто и хигиенски сѐ бидејќи се плашам од инфекции, глупости.. Бидејќи прв пат ќе одам на интимна депилација кажете совети како полесно да поминам Иии каква депилација препорачувате читам топла, ладна, шеќерна ама ништо не се разбирам
Поради тоа што во последно време на препони се средувам со брич, ми се направи како црна кожата на препони, и малку ми е незгодно на плажа да одам со црно на препоните, значи немам влакна, оваа недела се поминав со восок, ама кожата ми е темна, има ли некое чаре да не ми бидат такви препоните или пиши пропало?
Колку дена пред депилација со топол восок не треба да се поминеш со брич за да се извади сѐ? Т.е колкава големина треба да бидат влакната? Да не ме вратат
Dali nekoj go ima koristeno hipermanganot za posle depilacija ili posle izlozuvanje na since? Za toj sto se rastvara vo voda prasuvam.
Женски, дали некоја има користено/сретнато спреј за безболна депилација, да ја ублажи болката колку толку? Добив информации за жена што пред депилација става некој спреј и воопшто не боли при депилирање. Нешто прочачкав по гугл, освен лидокаин друго што би било... или ако знаете нешто друго предложете, се бричам, но сакам да се депилирам дома со восок, бев еднаш на депилација и не можев да издржам од болка, си се вратив пола неиздепилирана, значи боли корне, дури и се раскрварив
Јас користам ваков спреј. Се прскам пред депилација - https://24apteka.mk/product/remove-pain-less-пред-депилациски-спреј/ Не знам дали сеуште го има бидејќи одамна ми е купен, но побарај може и да ги најдеш по аптекиве... Спрејов не ја прави скроз безболна депилацијата , но секако помага. Болката е секогаш голема кога од бричење се префрлуваш на депилација. Но со секој нареден пат станува се полесно и полесно (ако секако не се вратиш на бричење). Инаку за кквалитетна депилација, без крв, црвени точки и иритација само шеќерна....
Леле женски закажав за депилација на интима денес, во сабота одам на одмор. Првпат се депилирам после 2 години со брич, многу ми е страв да не боли, а уште повеќе ми е страв од инфекција или поткожни влакна, бидејќи пред еден ипол месец имав чир на препон најверојатно од поткожно влакно и од бричот. Дали ако е нов восок, не претопуван, можно е да ми искочи поткожно влакно или не дај боже нешто пострашно?
Хорори, ме прелажаа восокот сто пати претопуван, местото ич не средено, не инфекции, не знам што се може да фатам тука болести, фино лепо си станав не сакам депилација и готово, па нека се лути хахаха. Овој одмор ништо морам со брич, здравје после одмор барам некоја подобра козметичарка.