Не сум била досега на козметичар ми е страв.Не само од болка, туку и од инфекции.Засега користам само брич,ама сакам да пробам и со депилација зашто почнаа многу поткожни влакна да ми се појавуваат?
Јас користам СИЛК рол-он..во пакувањето се наоѓа рол-он и 12 ленти кои можат да се користат повеќе пати. Првиот пат многу ме болеше, но тоа е индивидуално, зависи од тоа колку личноста може да ја поднесе болката. а сега секој нареден пат се помалку боли и згора на тоа влакната многу ми се изретчија..Затоа на сите ТОПЛО им препорачувам да си идат на козметичар за дпилација или пак нека пробаат сами па ќе видат како ке им е поздрав
Ахх...пусто женско да не се роди Јес да е болно и ризично како што кажа Мерлин но депилацијата со топол восок е најефикасна, и трае подолго,со брич одма растат а и многу чеша...сепак не е исто кај секој козметичар,јас каде што одам жената пред мене го цеди восокот и сигурна ми е...веќе три години како се депилирам таму и пу пу скраја да е ништо ми се нема десено...а за подкожните влакна си ги стискам сама за да излезе влакното и после ставам павиќева маст за да го смири местото и црвенилото....Мразааам кога ќе дојде денот за да се депилирам ама тоа е...се се трпи за лепота...башка од пуста хигиена да не закржлавиме...јадни ние жении
Пишав пред некое време ама никој не ми врати па вака до сега само се бричам на интимните делови ама веќе ми се здосади треба секој ден и пак не е толку мазно како што треба па сакам да прашам некој што е од прилеп да знај добар козметичар за депилирајне на интимните делови па чекам некој да пиши
И јас си имам проблеми со ова депилацијава,многу ми е страв од инфекции и ме интересира дали знаете некое место каде што ке си платам со нов восок да ме депилира? не со тој истиот 1000 пати користен
после 1 недела од депилација почнуваат да ми растат влакненца незнам зашто а читам велите по 1 месец ви трае и се чудам и затоа преферирам бричење за жал
И јас бев скептична поради депилацијата на козметичар, па затоа само со ладен восок практикувам, т.е. се средувам. Од првиот пат до ден денес на исти козметичар одам... Ладниот восок(иако тој сепак е топол) сепак еднаш се користи и се фрла, додека топлиот се користи повеќе пати... И после неколку пати одење, влакната се намалуваат и болката е помала
Зашто се плашите од инфекции, кога за депилација на интимната зона користат чист восок бар јас во салонот кај што се депилирам за интимните делови ми ставаат чист восок ( оној кој се користи и за лице) пред месец се издепилирав за прв пат на интимата и воопшто не ме болеше, а очекував огромнаа болка, повеќе ме болеше на нозете , а таму почуствував незабележителна болка .
Немора да значи. Повеќе пати може го користат во некои никакви салони инаку во повеќето го употребуваат по еднаш. Ќе си прашаш првин, и ќе си кажеш дека сакаш нов, само за тебе, ако треба и ќе си доплатиш, голема работа. Инаку мене козметичарката ми кажа дека со ладен восок е похигиенски, ама јас со топол се депилирам бидејќи така не ми е болно и позгодно е, со ладниот неможе да се фати се убаво
И мене почнуваат да ми излегуваат по една недела, али тек тук по некоеи ептен се мали. А за да појдеш пак на депилација треба да се убаво пораснати, нема да појдеш за неколку мали влакненца. Плус ако одиш почесто на депилација ќе се ретчат.
знам дека се ретчат ама едноставно премногу боли си викав ај да трпам за убавина ама за 1 недела оп влакненца и во последно време почнав со брич
Девојки ќе Ве замолам за конкретна препорака и контакт да ми дадете преку приватна порака за проверен салон или депилаторка од кои сте задоволни, во кој што користат чист некористен восок за интимна депилација или каде има добра депилација со шеќерна паста.
исто ќе ве замолам и јас да ми кажете некој добар салон, по можност во центар(да не се влечам по автобуси) и за која цена депилираат? иначе немам никакво искуство во депилирање, до сега само се бричам, па ќе поставам (за вас сигурно глупаво прашање) колкава треба да ми биде отприлика должината на влакната, за да биде најуспесна депилацијата? исто ме интересира дали доколку цената на депилирање е пониска, има врска со користење на ист восок долг период, или сепак може да се најде добар салон за скромна цена...? фала однапред
Јас се депилирам со електричен депилатор, првите неколку пати одвај издржував, два часа се депилирав и на секои 2 мин правев по 5 мин пауза... Но сега веќе се навикнав и немам гајле... 15-20мин и готово! Чиста работа!
И јас имам депилатор и го практикувам (за депиларење на раце и нозе), но не ги вади сите влакна. Таман ќе помислиш си завршил работа, ќе излезеш на светло и ќе се запрепастиш од глетката. Исто така не знам колку е паметно, со депилатор да се депилраш таму доле Многу боли брее.. Уф се стресов од самата помисла. Еднаш пробав бркот со машинката да го издепилирам па умрев од болки, не па таму доле. Секоја чест на издржливоста!
Порано се бричев повремено се дури не заправив муабет со пријателка пред породување, како се средила и таа ми кажа дека редовно ја депилира интимната зона на козметичар. Не сум знаела дека тоа се работи кај нас Инаку не сум влакнеста па нозете и пазувите ги бричам. Тогаш прв пат се средив и сега редовно идам на козметичар. Многу ми беше срам првиот пат бидејки сум дебела ама си реков ај ваљда нема да ме оговараат после Во салонов препоните ги депилираат со восок кој го користат за лице, шпатула (стапче кое лекарите го користат за прегледување грло) и хартиени ленти кои после ги фрлаат, нормално. Се е стерилно и за една употреба и чини 150 денари.
Женски сега само што се издепилирав,цела е сега се тоа убаво ,мазна сум,си ставив бебешка пудра,ама многу ме боли бре.. кога седам седам со раширени нозе,и кога одам исто.... е сега да ставам нешто или да почекам време да помине,па само ќе с смири...совет???