Во домашни услови за депилација со veet ленти дали ќе може? До сега само со брич се средувам, а друга депилација не трпам (со восок или шеќерна), многу ми е болно и поткожни влакна ми се прават, нежна кожа имам ептен. Сакам сама дома да се средувам, но со брич секој 3 ден да се средувам веќе не ми е практично... Некој предлог, ленти, крема, не знам што друго би можело освен брич за повеќе дена да сум раат? За крема сум скептична, сепак хемикалии има. Најдобро ќе биде веројатно со ленти?
Најпрактични ти се лентите. Јас дома не сум се депилирала сама никогаш, ама за интима мислам дека се најпрактични и безбедни.
Колку е поболно од нозе? Мене нозете не ме болеле, ни препони, ни на задникот. Закажав ама реално страв ми е. Што да се напијам пред да појдам? Имам дома кетонал и хелекс.
Со ленти ти е исто болно како со восок. Уствари, вит лентите на нив самите имаат восок што кога ќе ги одлепуваш од кожата ти е исто, го вади влакното од корен. Мене исто ме боли интима и нозе, со тоа што интима дека понезгодно место малку повеќе се стегам, а за нозе сум поопуштена. Не пиј ништо.
Интима почнав да депилирам пред нозе, и за нозете почесто имав брич користено, може и затоа сега ме болат. Конкретно интима не беше толку страшно првиот пат, уствари немаше некоја разлика до наредните неколку пати. Едино за раце и задник ми е ептен минимална болката. Раце немав користено брич или крем кога почнав восок, а за задник викаат не било осетливо местото и затоа не боли. Ако имаш меко влакно и немаш болка при депилирање други делови, интима не е воопшто болно.
Прашање, многу ли треба да чекам да пораснат влакната? Имам дечко и си одам кај него секој викенд...не сакам да чекам да сум урасната за да одам пак. Затоа и се бричев но многу неудобно ми стана чувството. Колку многу растат за 3 недели зашо ми рекоа на толку време се правело тоа.
Јас одам еднаш месечно, некогаш преминува месец, зависи за колку време ќе закажам. На 3 недели мислам е доволно за да ги фати восокот.
Имам доста висока стапка на толеранција на болка затоа и се осудив да закажам ама кога читам жени како зборат дека болело.... на препони не ме болело скоро ич реално, дали е нешо слично како кај препоните?
Абе знаеш како, боли ама не се умира. Ист интензитет на болка како на препони, најнезгодно е "усните" да ги издепилира козметичарката. Некогаш треба да се наместиш во малку незгодни позиции. Не паничи. И тие што рекле дека премногу боли, отишле потоа пак на депилација Значи не е трауматично болно, немаш гајле.
Се издепилирав на козметичар,минататат недела, пред 10дена, ама ми пораснаа некои ситни на нозете, земав восок со ленти, како да го загреам пишува на 40 степени и дали може после пак да се користи?
Za edna upotreba se. Mozes so fen da gi zagrees lentite ( ako se lenti so vosok, a ne posebno laden vosok i lent)
Меѓу дланки подржи малку доволно е, инаку може и да се реупотребат откако повторно ќе се згреат, пишува и на декларацијата тоа.
Не се изразив убаво, восок рол он плус ленти има. Средив работа вчера, го загреав во тенџере па чекав да се подолади