Земи си апаратче вакво, имаш и онлајн и по пазарчиња, до 500 денари е максимум, се загрева за 15-20 минути. Ова за да не се мачиш со тенџере, многу е полесно.
Девојки, првиот обид за шеќерна интимна депилација неуспешен. Од јаки болки издржав само до половина. Цел живот со брич се средувам, може затоа и болеше. Дајте предлог како да издржам бидејќи страшно многу ме болеше
Нели имаше во ДМ еден спреј што ја ублажува болката при депилација? Не ми текнува како се викаше, ама еве ако се сети некоја од девојкиве нека пише. Знам дека го спомнувавме овде во темиве, ама никогаш не стигнав да го купам и да пробам како делува.
Споделете кој восок е добар,и од кај да го набавам за во домашни услови? Да ги вади влакната да има добар ефект сум пробала повеќе но не сум баш задоволна.
Предложете ми што да ставам на препони после депилација за да не ми се направат црвенки брумчиња? Не знам дали масло од чајно дрво, бебешка пудра дали би помогнало? Осетлива ми е кожата и секогаш ми се прават безразлика дали се депилирам или бричам, за 3-4 дена ги снемува ама одам на одмор и морам да се средам некој ден предходно бидејки не се доволно пораснати сега
Чајно дрво не, многу е концентрирано и може иритација да направи. Бебешка пудра исто не, не е добра. Алое вера гел, олади го малку во фрижидер да постои, да го олади и местото кај што си депилирала.
Здраво, ме интересира дали може/дали некој правел целосна интимна депилација за време на менструација и како би се извело тоа Имам закажано на 28ми јули, бидејќи на 30 одам на одмор, и тие денови пред 28ми треба да добијам, што да правам, некој совет?
Леле блазеси ти…мерак ми е сама да се правам,ама се си мислам дека нема така добро да се средам како на козметичар. Постои топилка со прецедување за домашни услови?
Девојки бев на депилација со топол восок 3 дена пред одмор и на почетокот на одморот негде 3тиот ден, односно после 6 дена ид депилацијата почна по некои влакна да ми растат, дали е возможно толку брзо?