Јас до скоро одев во TeSa, некаде Карпош 2 ќе му дојде. Ама многу ми поскапе депилацијата за интима, 600 денари ја направија и плус дека сум од Ѓорче, дур се довлечкам со бус, мачно ми стана. Од аспект на чисто, стварно е средено и си има посебна соба за депилација и се тоа, немам замерка. Порано се срамев, па барав такво поинтимно. Сега веќе отрпнав и од срам и од све хаха и ми е битно да ми е блиску. Па сега се депилирам во Ѓорче во Mystic Beauty, кај старата полициска - 350ден интима. Разликата е што тука е мала просторија, девојчиња прават нокти, а до нив има кревет со завеса за депилирање. Така да, не е баш интимно, ама супер се сите и опуштено е.
Според мене TeSa од тој аспект би ти ја препорачала. Посебна просторија, чиста, на креветот ти мести хартија од горе до доле за да си легнеш (не е баш хартија, некој малце подебел материјал ама не знам како би го нарекла). Си се спремаш тука, музика, вентилатор хаха. И после доаѓа козметичарката и со ракавици те депилира, секако со восок за една употреба. Се надевам ти одговорив на прашањето
Не знам каде живееш но јас би ти ја препорачала мојата козметичарка Биле. Се наоѓа на почеток на кисела вода (во на грујо зградата. Art of beauty е потпишана на инста. Јас имав голем страв од депилација и ич не поднесувам болка, а кај нејзд си одам веќе повеќе од пола година редовно секој месец. Многу е културна и љубезна и ќе те опушти и се прави во консултација со тебе и ти што сакаш. Секако дека е многу чисто. За интима користи топол восок - кој не го пртопува, го фрла (ја имам видено) а надолу нозете ги депилира со ролон и ленти. Многу е спретна и брза, за половина час до 40 мин си готова.
Magic Touch (во Аеродром) имаат врвна хигиена и не им е изгор цената за депилација. 400 денари е интима, жената е прељубезна. Одам подолг период и до сега не сум сретнала ниту рандом да не им биде чисто и токму тоа ми се допаѓа. Си имаат распоред на клиентки и супер функционираат, се знае која кога доаѓа и нема непотребна гужва (што исто за мене е плус). Делот за депилација е скроз во посебна соба, одделено од другата просторија каде се прават нокти. Цел ценовник има на common.mk.
Здраво, прв пат ќе правам интимна депилација во салон па сакам да прашам колку треба да се израснати влакненцата пред да отидам?
Колку зрно ориз, пола цм минимум за да ти искочат убаво, не прекратки пошо нема да ги фати восокот ниту предолги да не се кинат место да се вадат од корен.
Каде би можело машко да се издепилира во Скопје? Сеа претерувам можда ама и во недела работи ли некој?
Девојки помош четврток одам на одмор, не успеав да се закажам на депилација и ќе морам дома сама, е сега како би било најлесно зошто прв пат се депилирам сама, дали со восок иако мислам дека ќе бидам несмасна или со ленти? Дали со лентите ќе успеам да тргнам се оти имам дебели и крути влакна
Никад сама не сум можела, ама најлесно ти е со ленти зошо имаш контрола врз ситуацијата. Или со ролонот и лента одозгора, восок да топиш и да ставаш ако не знаеш ќе се изгориш лом ќе се напраиш.
Закажи во La sensa кај универзална. Ми имаат закажувано за 2 саати од јавување истиот ден. Пробај кај нив ако се фураш сама дома. 500 ден им е интима али ништо посебно