Интимна депилација

Дискусија во 'Тело' започната од jasmin, 11 ноември 2009.

?

Како ја депилирате интимната зона?

  1. Дома, со восок

    296 глас(а)
    12,0%
  2. Дома, со ленти

    352 глас(а)
    14,3%
  3. На козметичар

    1.469 глас(а)
    59,7%
  4. Дома со жилет

    343 глас(а)
    13,9%
  1. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    За интима правам поретка паста и додека е топла ја ставам на лента и лепам и вадам. Со раце неможам да се дофатам убаво и затоа со лента. А на се друго спротивно од растот на влакната ставам , а тегнам кон растот. Почнав и на лице со шеќер и посвежо не ми било лицето.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    9.671
    Пол:
    Женски
    Фала ти на советот. Не ми текнало да пробам да мачкам со раст на влакна. Сè на интернет што отворав кажуваа грешно било така. Но ќе му дадам уште една шанса на шеќеров. Оти на сите други места на телото ми е топ пастава.:D
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    9.671
    Пол:
    Женски
    Дали некој има пробано да се депилира со претходно нанесување на numbing cream/spray? Дали би го препорачале тоа за користење?
     
  4. idontwannabeyou

    idontwannabeyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    170
    Дали некој од вас користи Veet за интима? Да ми каже искуство,дали е препорачливо,за колку дена растат влакната и сл..:wasntme:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.165
    Допаѓања:
    81.684
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на кремата, исто е како со брич, нема некоја голема разлика. Влакната пак ќе почнат да растат за ден-два.
     
    На idontwannabeyou и slobodka им се допаѓа ова.
  6. idontwannabeyou

    idontwannabeyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    170
    Фала ти за одговорот :inlove:
     
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    9.671
    Пол:
    Женски
    Јас имам користено ваква крема на нозе и пазуви (не се сеќавам дали беше баш иста марка), ама ужасно мн ми се иритираше кожата. На интима не се ни осудив.

    Ако претходно ја немаш користено, стај ја на место кај што ти е понежна кожата, на пр. на мало делче од вратот, за да видиш дали ќе ти биде ок на твоја кожа.

    Јас искрено не би користела ваква крема, но ти си знаеш најдобро.:)
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rollbon

    rollbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој се депилира стомак, препони и интима со депилатор?
     
    На DinaJ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. the wise one

    the wise one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали некој има искуство со епилација на инфицирани поткожни влакна на интима?
    Препорака од дерматолог ми е да се направи епилација, ама не сум сигурна.
    Уште едно прашање, ако знае некој дали е безбедна епилација за време на доење?
    Од скинфинити велат да, ама да слушнам други мислења
     
  10. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Женски некој што бил скоро кај Марина во к.вода на депилација колку зема?
    Како е со цени?
     
  11. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Јас прво се депилирам со шеќерна паста , па што ќе остане вадам со депилатор. Комплет се интима, препони и стомак
     
  12. VelvetCake

    VelvetCake Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Моево скромно искуство со отстранување на влакна и све шо имам научено до сеа :D

    Решив да го споделам моето искуство со депилации и бричење на кратко за сите шо се изгубени моментално, како јас шо бев до пред некое време… Веќе подолго време ја читам темава, но никако не можев целосно да се снајдам. Иначе до пред неколку месеци користев само брич (НИКОГАШ повеќе…), а имам доста цврсти и густи црни влакна со јак корен на интимата, иако кожата ми е многу светла и бледа. Се надевам ова ќе помогне на некој шо не знае како да се справи со влакната.

    1. Бричење на интима - најбрз и најбезболен начин да се отстранат влакната, ама исто така најопасен и резултатите кратко траат. Јас иам многу бледа и сензитивна кожа, така што после секое бричење ми се правеа страшни иритации (црвенила, поткожни, брунки…) на кожата. Влакната ми растеа пребрзо, ден после бричење веќе беа никнати и требаше пак да поминувам со брич врз веќе иритираната кожа, па така дури и крварев од брунчињата. Не препорачувам воопшто, а и постојат други опасности од медицински аспект (воспаление на Бартолиниева жлезда и слично). Но, ако веќе барате поефтина опција, може бричењето да ви заврши работа. Секогаш користете нов брич за интимата, не го употребувајте повеќе од еднаш и бричете во насока надолу. Пред бричење, препорачувам шеќерен пилинг на кожата, барем 1-2 пати неделно. Сепак, јас би рекла брич НИКАКО веќе.
    2. Интимна депилација на козметичар - според мене, НАЈДОБРА опција. Депилација со топол восок кај козметичар мене ми го реши проблемот со иритации во голема мера… Првиот пат е најболен и најстрашен, секој нареден пат е се полесно и полесно. Кожата никогаш не ми била помазна и поубава. Ќе си се истуширам убаво пред да одам, еден ефридол 30мин пред депилација и немам гајле! Дефинитивно боли, но не толку многу колку што мислите. Стиснете заби 20-30 минути, болката е сосема издржлива (од личност со многу крути и силни влакна). Нема зашто да се срамите, козметичарката е веќе навикната да работи со интимни делови од телото, тоа е нејзино секојдневние и нема зошто да ви е срамно и непријатно. Шеќерен пилинг дома (Ziaja sugar scub од DM користам јас) 2 пати неделно, а депилација на козметичар секои 3-4 недели. НЕ употребувајте брич меѓу депилации. Знам дека е тешко да се чуваат влакната 3-4 недели, поготово ако ви никнуваат многу брзо како мене (после 1 недела од топла депилација), ама НИКАКО бричење. Чувајте ги препорачаното време и после неколку депилации ќе забележите изретчување и побавен раст на влакната дефинитивно. Одберете добар салон што има висока хигиена и работи со искусни козметичари што депилираат со восок за една употреба, а НЕ го претопуваат. Значи никако претопување, ВНИМАВАЈТЕ каде одите на депилација. Јас се депилирав во Magic Touch во Аеродром, имате топла препорака за нив, токму заради хигиената и плус ве депилираат во посебна просторија, каде што е приватно и чисто. (П.С задникот најмалку боли хахаха)
    3. Интимна депилација со ленти дома - НИКАКО!!! верувајте најболна опција што може да ја одберете за интимата, никако не користете ладен восок со ленти, рол он восоци со ленти и слично… Ова е океј за раце и нозе во домашни услови, ама НИКАКО за интима. Ладниот восок се лепи за кожата, не само на влакната и со секое повлекување вие не корнете само влакна, туку и слоеви од кожата корнете. Јас си имам откорнато кожа од усните со вакви ленти, ужасна болка и не вреди. Поготово е лошо за интима, затоа што ќе си ги откорнете и жлездичките во самата кожа… Некои жени велат дека со ленти имате повеќе контрола ако се депилирате сами, НЕ е точно. Ќе ве боли многу и ќе си откорнете кожа, а и не може сите влакна да ги фатите.
    4. Крема за депилација - слично, речиси исто како бричењето… неефикасно и опасно. Не ги вади целосно влакната, брзо никнуваат, а на мене уште повеќе ми предизвика иритации и хемиски изгореници. Не е за сензитивна кожа дефинитивно. Јас не го препорачувам, бидејќи мислам дека користење хемикалии на интимата е многу штетно и лошо. Може да си направите хемиски изгореници, а ефектот не е ни долготраен ни подобар од бричење - според мене. Кремата за депилирање можеби е за вас ако имате светли, тенки, ретки влакна и несензитивна кожа.
    5. Интимна депилација со топол восок (ДОМА) - втора најдобра опција, после депилацијата со топол восок на козметичар. Значи, пред да пробате сами дома да се депилирате долу со топол восок, ОБАВЕЗНО појдете 3-4 пати претходно на козметичар. Да добиете слика во главата какво е чувството, колку ќе ве боли, да осетите козметичарката како работи со восокот, колкави се лентите, во кој правец се тегне и слично… Топлиот восок мене не ми ја иритира кожата и не ми прави поткожни. Влакната убаво си излегуваат и кожата ми е мазна. За 1500 денари вкупно, си земав топилка за восок Pro wax (500ден од ананас.мк ја нарачав), филм восок во гранули Italwax Plum (околу 700-800 денари од глам.мк го нарачав), дрвени шпатули од аптека и бебешка пудра Бекутан. За 1500 денари си се депилирам сама дома година дена, а една депилација на козметичар е околу 500 денари. Кога сакам си се средувам дома набрзина, пошо на интима брзо ми растат. Си правам шеќерен пилинг 1-2 пати неделно со Ziaja sugar scrub. Си седнувам на чисто пешкирче пред огледало за да имам прегледност, си пуштам музика и си се депилирам. Прво ставам восок во топилката и ја вклучувам температурата на максимум, додека да се стопи целосно восокот околу 15мин. Кога ќе се стопи, ја враќам температурата на медиум и у меѓувреме го мешам восокот додека да стане густ како мед. Ставам бебешка пудра на кожата, за да биде сува и да не се лепи восокот за кожата, туку само за влакната. Шпатулите и восокот се за една употреба ама траат, значи секоја шпатула и секоја лента ја фрлам веднаш после користење. Истата шпатула НЕ ја користам два пати, една шпатула за една лента! Веќе искористената шпатула се фрла и не смее да дојде у контакт со чистиот восок во топилката. Некогаш правам помали ленти, некогаш поголеми - зависи. Порано ме болеше повеќе, ама јбг си реков стисни заби ќе издржиш. После редовни депилации, влакната ми се поретки и помеки, така што не ме боли многу веќе, све е навика. Сега си пеам песна и си уживкам додека се депилирам. Многу е важно каков восок користите и да НЕ го претопувате, овој филм восок од Italwax мене ми се погоди супер. Пазете да е квалитетен восок што не се крши и не се стврднува одма, а да ги фаќа убаво влакната. Треба да е hard wax восок во гранули, што се отстранува самиот БЕЗ хартиени ленти. Никако soft wax восок за којшто ви требаат и хартиени ленти. Јас некогаш практикувам дома сама да си направам топла депилација, колку за одржување. Пошо влакната ептен брзо ми никнуваат, ама поретки и помеки. Значи, одам на козметичар, ми прави интимна депилација и после чекам 4 недели за да одам пак. Али, во тие 4 недели додека се чувам, обично втората недела кога се поубаво никнати и видливи, јас сама дома си се поминувам со топол восок, колку за одржување и да не се приметливи. Вака и повеќе ги изретчувам, мене ми се најгусти и најцврсти горе на монс пубисот. После две недели тие пак ќе си никнат убаво, таман кога ќе дојде време за на козметичар, за таа да ги фати убаво и влакната што јас не можам да ги поминам (задникот најчесто). Ете така, кај некои жени кожата е мазна дури и по 3 недели се раат. Мене некогаш побрзо, некогаш побавно ми растат, ама си се средувам кога сакам брзо и со малку болка, пошо веќе се ретки и си ги средувам пред да пораснат многу долги и густи, за да не ме боли. Убаво разгледајте видеа на јутуб, како да ги правите лентите правилно. Значи, прво вежбајте се и направете неколку тест ленти на нозете, па после на интима, да се научите да манипулирате со восокот за да не се направите лом! А после депилација секако алое вера гел или масло од чајно дрво.

    Тоа е све шо иам да кажам на темава сега за сега. Депилирање со шеќерна паста, епилатори и ласерска депилација не сум пробала до сега, така што не знам колку ефикасни методи се. Најдобра опција за мене сепак е топла депилација.
     
    На Cutiepie123, babydust, Bella2021 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    772
    Предложете салон за депилација во околината на Ѓорче
     
  14. Rose_ray

    Rose_ray Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Има салон во Карпош 4, Lady Devotion се вика. Жената што депилира работеше во Александрија салонот ама го затворија. Жената пре добро рабпти и лесна фат има ако неможеш да се снајдеш ќе ти дадам број
     
    На Eunoia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Јана#1

    Јана#1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Zdravo devojki, vo posledno vreme chuvstvuvam kako suvost na intimniot del. Od shto mozhe da bide toa i dali mozhe da koristam neshto? Dali nekoj imal vakov problem?
     
  16. MarkookraM

    MarkookraM Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, во студио Енерџи до скоро имале девојка која што депилирала мажи (интима). Дали некој знае каде работи сега таа девојка? Очигледно е единствената во Скопје која што депилира мажи, па ако има некој контакт би бил благодарен. фала
     
  17. girlsgirl

    girlsgirl Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, можете ли да ми препорачате салон за шеќерна депилација или со восок за интима, (само ве молам нагласете со каков материјал се одвива депилирањето), во околината на Стар Аердром
     
    На Minnak му/ѝ се допаѓа ова.