Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимна депилација

Дискусија во 'Тело' започната од jasmin, 11 ноември 2009.

?

Како ја депилирате интимната зона?

  1. Дома, со восок

    299 глас(а)
    11,9%
  2. Дома, со ленти

    353 глас(а)
    14,1%
  3. На козметичар

    1.492 глас(а)
    59,6%
  4. Дома со жилет

    359 глас(а)
    14,3%
  1. ThrinaMist

    ThrinaMist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    752
    Пол:
    Женски
    После недела и пол од депилација ми се случува кога растат повторно влакната некое чешање и трае ден два. Некоја да сподели нешто што помага за да се смири тоа чувство како иритација?
     
    На Bille12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    3.752
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Јас ова го користам, ептен убаво ми делува.
     
    На ThrinaMist му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ThrinaMist

    ThrinaMist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    752
    Пол:
    Женски
    Може да го пробам ова.

    засега ставив на еден дел малку од Cicaplast кремот од la roche исто…може и тоа засега ќе помогни додека купам нешто.

    ова како спреј е или како некоја форма на дезедоранс е во прскањето?
     
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    3.752
    Пол:
    Женски
    Баш како дезедоранс е, ама и така општо е многу убаво, не само за иритации, можеш и на лице да си ставаш од него, доста освежува.
     
    На ThrinaMist му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    2.730
    Пол:
    Женски
    Ако ги депилираш со шеќерна депилација нема да те чешаат воопшто
     
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    8.217
    Пол:
    Машки
    Дали кога депилираат со шеќерна, со ленти се депилира?
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    2.730
    Пол:
    Женски
    Не, вистинска шеќерна депилација е со рака. Со ленти се глупости исто ко да те прават со восок, сосема утнат ефект има т.е. нема ефект
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    3.881
    Каде можам да купам дрвени шпатули за восок што се? На интернет ми излагаат само онлајн продавници.
     
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    8.217
    Пол:
    Машки
    На Glam.mk и Beautytools.mk провери?
     
  10. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    3.881
    Тоа нели се онлајн продавници или имаат и продажни салони? Сакам да си ги купам лично, без нарачувања.
     
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    8.217
    Пол:
    Машки
    Мислев да не не си ги видела таму на тие страни
     
  12. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    12.299
    Пол:
    Женски
    Во Зегин има
     
  13. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Lidera прашокот добар е?
     
  14. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    2.972
    За интима не, доста е агресивен. Јас еднаш пробав и ми се изиритира кожата, имав црвенило и ме печеше
     
  15. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Пробувам со депилатор но болката е преголема, плус на некои места како крв пушта откако ќе се тргне влакното. Имате ли некој трик за болката да биде издржлива?
    Со крем не ми е успешно никогаш.
    Со брич веднаш другиот ден веќе боцкам и цела со мозолчиња се правам. И плус последниот пат се направив со многу подкожни влакна кој се уште ги имам и не знам како да се решам и од нив.
    Со veet ленти ми е најголема болка и не можам.
    Размислував и за епилација но прво е премногу скапо а второ ми е премногу страв од ризиците, од зрачењето... Сега кога ракот е во толкав подем додатно не сакам да го предизвикувам.
    А сакам да бидам подолг период рајат.
     
  16. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    676
    Најдобра варојатна ти е на козметичар. Препорачувам на шеќерна депилација бидејќи рече дека имаш проблем со поткожни. Освен тоа за болка имаше спрејови во Зегин едно време - види дали ги има и напиј се апче против болка пред депилација.
     
  17. Purpleheart

    Purpleheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Ставате ли нешто после депилација? Што ставате на мозолчиња кои ќе ви се појават после тоа? Како се справувате со флеки и хиперпигментација?
     
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.656
    Допаѓања:
    19.597
    Со топол восок се депилираше прв пат? Како пројде во однос на болки? Долго време сум со брич, последниот пат изгореници имав едвај се опрајв на интима и страв ми е од тоа, а па сега и од болки
     
  19. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    16.956
    Пол:
    Женски
    После депилација обично ти ставаат бебешка пудра. После секако ти си водиш нормална хигиена (тука зависи од тебе дали користиш гел за интимна хигиена итн.). Ако си склона кон мозолчиња ќе бараш ихтигал маст од аптека, иако нема некое трајно решение за нив. Просто секоја ги има, помалку или повеќе, па и не секогаш причина за нив е депилирањето. Некогаш и самиот циклус знае да придонесе за нивното формирање.

    Не се секирај, мене една кожа ми имаше откорнато пред години, буквално не функционирав како што треба. Да напоменам дека стануваше збор за жена со огромно искуство. И јас тогаш се вратив на брич (привремено). Како што ќе те средат на депилација со восок, така нема ти сама. Затоа на седнување ќе си кажуваш ако ти стават претопол восок. Ти си клиентот и ти си кажуваш за твои пари.
     
    Последна измена од модератор: 27 декември 2025
    На Purpleheart му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.656
    Допаѓања:
    19.597
    Јасно ми е дека сам не можеш да се средиш фала богу е подобро и поспоро растат..не зборам јас тоа. Фала богу дека сум кажала за топлиот восок ама изгорениците се случија, малце во погрешна насока на дискусија ми го однесе прашањето :)
    Пак ќе прашам ме интересира степен на болка првите пати после подолго користење на брич