Форумџика на годината

Интимна депилација

Дискусија во 'Тело' започната од jasmin, 11 ноември 2009.

?

Како ја депилирате интимната зона?

  1. Дома, со восок

    298 глас(а)
    12,0%
  2. Дома, со ленти

    352 глас(а)
    14,1%
  3. На козметичар

    1.487 глас(а)
    59,7%
  4. Дома со жилет

    355 глас(а)
    14,2%
  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.976
    Допаѓања:
    16.674
    Пол:
    Женски
    Па не е во погрешна насока. И те како е битна топлината, посебно на понежните делови. Боли, ама се издржува.
     
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    19.422
    Нешто не се разбираме. Јасно ми е дека е битна топлината, не прашувам за тоа колку е жешко туку само болката ме интересираше конкретно од членката, затоа што она пиша дека се правела со брич па сега оди на депилација.
    Ако одговори девојката ок, друго не ми треба фала ти сепак
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.481
    Допаѓања:
    82.290
    Пол:
    Женски
    @Milkiway искрено, најискрено, многу боли транзицијата од брич на восок. Барем мене ми беше така, посакувам да имаш поубаво искуство од моето.

    Кога почна ковидот, имав период кога се депилирав сама со шеќерна (тука на форумов се споделуваше некој рецепт кој беше доста лесен и успешен). Ама набрзо ми стана премногу малтретирање и баталив, почнав со брич затоа што ми беше побрзо нели. И тоа траеше некои две ипол години.
    Се вратив на депилација некаде околу 2023 и мислам солзи на очи ми доаѓаа, премногу ме болеше.
    Бев два-три пати и баталив, едноставно не можам. Ај болката океј, ќе се издржи некако, но восокот не реагира добро со мојата кожа, па додека скроз опорави, мачење. Повеќе ми одговара шеќерна депилација. Дајте предлози за некој салон што работи со шеќерна, може ќе се охрабрам.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.985
    Пол:
    Женски
    Мислам имам спомнато дека освен термалната вода на La Roche, не ми помага друго ништо.
    Смирувачки делува.
    Јас имам премногу осетлива кожа.

    [​IMG]
     
    На Purpleheart му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Ми дое менструација 1 недела порано...а закажав уште минатата недела за сега интима за на 29ти декември...
    Не можам да откажам пошто морам задутре, после тоа нема да сум тука..
    Што би ми препорачале да направам? Обично трет ден може и да не ми биде толку обилно. Дали тампон е паметно да ставам за време на депилација или пак да отидам така (нормално туширање прво дома и директ на депилација)?
     
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.985
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случувано така, јас сум ставала тампони и сум одела. Од туш директно таму и обавезно влажни со тебе, за секој случај.
    Малку по болно е, поради тоа што е во време на циклус ама тоа е сега. За убавина се издржува.
    Инаку имам слушнато дека не е убаво така, ама кога некогаш мора...
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    19.422
    Најдобро значи на шеќерна да одам. А дали шеќерната е со лента или како е процесот...еве некој ако знае да каже.
    Верувам дека ќе е болно со восок после брич затоа не ми се ни нафаќаше до сега.
    Имам слушнато во аеродром за некој салон .ама ајде некоја членка што веќе оди нека ни каже
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.340
    Допаѓања:
    18.237
    Пол:
    Женски
    Салон ProBeauty на ул. Фрањо Клуз во Аеродром, девојката работи исклучиво со шеќерна, имаат Ig профил. Одев прво само за интима, сега одам за цело тело. Немам поткожни влакна (ептен ретко по едно и тоа на интима каде што се појаки влакната, на друго место не), кожата ми е премека, влакната проретчени и бавно растат. Никогаш повеќе не би се навратила на било кој друг метод на депилација освен овој.
     
    На Mishela и Milkiway им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    19.422
    Фала ти веројатно за тој сум слушала. А кажи ми само каква е методата, ленти тегне влече или нешто друго? Како би ја опишала болката од шеќерна?
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.340
    Допаѓања:
    18.237
    Пол:
    Женски
    Шеќерна никако не се прави со ленти. Со рака си зема од пастата, те мачка директно со неа и ја потегнува, така се вадат влакната. За болка што знам, јас само на интима и на стомак чувствувам нешто минимално, а на останатиот дел од телото не чувствувам ништо, ама имам висок праг на толеранција и тоа е индивидуално па не може да се тврди, но како и да е воопшто не е страшно. Плус на интима каде што се најцврсти влакната со најдлабоки корења става некаква ментол пудра со која те лади и фактички така го отрпнува местото за да се намали болката. Сè на сè јас сум презадоволна.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    19.422
    Фала многу за објаснување
     
  12. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Која е цена за интима?
     
  13. Powergirl!

    Powergirl! Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    83
    Дали користите непто за потемнета кожа на интима ?
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    2.729
    Пол:
    Женски
    Teodora.sugar.waxing