Депилација-мислење Дали сметате дека е подобро депилација на нозе со стандарден восок или чоколадна?И каде може да се најде квалитетна чоколадна депилација на нозе во градов и да не е со екстремни цени?Благодарам!
Веќе подолго време одам на депилација на козметичар и немам проблеми со болката, веќе сум навикната. Имам проблем само со поткожните влакна кои ми се појавуваат после секоја депилација и незнам како да го спречам нивното појавување, навистина се непријатни. Ве молам за совет.
Девојки Ве молам за една инфо ако може ПОзнавате ли некој салон во Штип Спојлер или Гостивар каде конзумираат од шекернава паста?? Викендов ке одам на гости па би сакала ако некој знае нешто да ме инфо!! Може и во ЛП мене ми треба одговорче..
интимна депилација е 200 ден со чист восок во салон во автокоманда,јас секогаш преферирам само со чист затоа што сепак тоа е интимен дел
Кати,ај со козметичките третмани и шо ти ја знам,ама сега и тој магичен салон у автомкоманда и за депилација да го рекламираш...чудо. Внимателно со рекламите,зошто во спротивно следат опомени.
Имам кажано дека идам на депилација во еден салон. Е сега проблемот е што последниот пат типката дур ме депилираше пушеше цигара и ја имав некое чешање после тоа(инфекција ама брзо се среди). Сега сакам да ми предложите некое место каде што депилираат со посебен восок на интимните делови и каде што не зимаат повеќе од 300. По можност да е во Аеродром.
во ред... намерата ми беше да си го кажам моето мислење и искуство....само реакцијава е малку чудна али нема везе,а башка мислам дека нема потреба од ваква бурна реакција со некој си чуден тон,сепак извини доколку те навредив во врска со нешто...мислам постои и лична порака каде што покултурно можеш да ми укажеш доколку гледаш дека грешам нели? ...поздрав
Сакав да прашам дали некој бил на шеќерна депилација во тој новиот салон во Скопје? Alexandria Professional мислам дека се вика се наоѓа некаде на Иво Лола.
Да, јас до сега 3 пати имам отидено баш за интимна депилација, а и други феминки назад по страниве имаа кажано дека биле.
Мој совет (сега ете, сепак ќе се издадам за името на фирмата од темата депилација со шеќерна паста) - НЕМОЈ да одиш! Јас бев пред 3-4 недели, и иако пишува дека нема поткожни и чуда, сепак мене ми се појавија најмногу поткожни во мојата досегашна 8 годишна депилирачка „кариера“ ... на горниот дел целата сум со поткожни а на задниот дел ми пораснаа за 5-6 дена, иако депилацијата требаше да трае до кај 3-4-5 недели... дали ми ги нема фатено добро на тој дел незнам, ама ако судам според тоа, ондак само два потези ми има добро фатено. Типката не беше почетник, работела во салонот веќе 2 години ми се чини рече, и прочитајте во темата за депилација со шеќерна паста за додатни информации што преживеав таму. Искрено, барем јас, никому не би ја препорачала оваа депилација, според мене најдобра е со ладен восок (или можда на мојава кожа најдобро одговара). Толку Поздрав
Искуството е сигурно индивидуално, ама бидејќи јас отидов неколку пати сфатив дека по се изгледа мнооогу има врска каква е "раката" што ќе те фати да те депилира, без разлика во кој салон и дали со восок или паста или што и да е... Значи првите 2 пати кога отидов ме депилираше едно девојче, за кое помислив во прв момент дека е ставено да се подучува. Резултатот на крајот беше: Никогаш не сум добила подобра и потемелна депилација, полека работеше и влакненце ми немаше оставено, поткожни 2-3 едвај се појавија, а депилираното ми траеше скоро месец. Е сега последниот пат кога бев ме депилираше друга која изгледаше искусно, а резултатот беше до некаде сличен на твојот освен поткожните кои повторно не ми се појавија во голем број како што ми се појавуваа порано со восок. Ми имаше оставено по некое влакно, а други после 5-6 дена пораснаа. Тоа значи дека се поткинувале при депилирањето наместо да се извадат од корен, што е и причина за појава на поткожни влакна. Среќа изгледа кај мене површински се поткинале, па истераа без да се направат поткожни. Заклучокот е јасен мислам..."рачето" си игра улога. И така..нареден пат ќе си го барам девојчето...штета не се конкурентни во моментов, па да имаме повеќе избор на салони што депилираат во паста. Според мене поради хигиенски причини треба веќе да го исфрлат претопувачкиот восок од употреба.
100 % до тоа е ... ама јас од страв да ти кажам право нема шанси да појдам повеќе на депилацијава... за волја на вистината, секој ден сум со игличка в рака и туку вадам внатрешни влакненца пополека ќе се мрднам, баш сега пред одмориве ме начекаа.. пилинг 2 пати правам неделно и на тој дел (ма да понежен), троа помага, ама и не баш... Инаку за топлиот восок и те како сум за исфрлање од употреба, само некој без грижа на совест (козметичар) би можел сеуште да го применува некому! Еднаш во животот се имам излепилирано со таков восок (целосно) и еден плус обид имав, но нормално, имав некаде 14-15 години, и ништо не знаев за восоциве ) и кога на сред депилација видов во таа топилката некои ситни влакненца, и ја прашав шо е и како е козметичаркава, и таа ми објасни шо е како е (нормално, со многу убави зборови), но иако беше закажана целона депилација, издепилирав препони, ми се згади и станав си заминав (тоа беше вториот пат)...
Jас еднаш отидов на депилација со топол восок ама наводно некој специјален за интимна зона. Прво ја замолив козметичарката да стави посебен само за мене ама ми изврти некако дека восокот е тазе сменет и чист... И ја прашувам што е разликата помеѓу обичниот и тој и ми вика на пониска температура се топи и помек е. Па ми стана нејасно зошто има само една топилка кога ако е овој само за интимна зона, веројатно би требало да има и уште една со друг восок за нозе, раце итн. Ваљда не депилира само интима во салонот, па си поврзав дека мотка и дека нема врска. Кога почна да ме депилира имав чувство дека ќе си одам со изгореници од трет степен..издржав некако и у себе си ветив дека пак нема шанси да применам таква депилација на мене. Кога си дојдов дома гледам пола неиздепилирана, а после неколку дена кога збувнаа поткожни... Криво ми е што не можам сама да ја издепирам интимава како што сакам, па најдов утеха во шеќерот ама не можам сама да го применам
Јас ја зедов кремава од авон за препони уште не ја пробав,дали некој ја користел и дали може со кремата да се депилира цел интимен дел ???
како да одам во козметички салон на интимна депилација ?? ужасно непријатно ми е дај помагајте некако, да се „отсрамам“ ...се депилирам домаа али немаш толкава прегледност....
И јас бев таква премногу се срамев,ама немај гајле тие што те депилираат воопшто не се замараат со тоа како изгледаш,какви не им поминуваат,еве ако ти е ептен непријатно,еден совет,не оди кај познати односно кај некои од населба па што мислиш дека се такви дека зборат,друго нема не се замарај ама ич
Не треба да се срамиш затоа што сепак на нив тоа им е работа. Јас мислам да си одиш на депилација без гајле, нема ништо непријатно и срамно, помисли само колку жени и девојки го прават тоа. А на крај сигурно ќе бидеш задоволна од резултатот.
Имам неколку прашања. Се имав депилирано на интимниот дел два пати. Само пред лето, после си ги раснев. Не дека сакам ама мајка ми е старомодна жена, мисли дека ако се депилирам на интима имам секс. Друго е тоа. Поентата ми е дека пред три месеци почнав да си се депилирам пак, еднаш месечно одев ама во салонот кај што си одам и обично во восокот видов влакна а ме убедија дека не е претопен. Дали може некој во лп да ми прати салон во Карпош, Козле, Центар каде депилираат интима како што треба со чист восок? По можност да е до 400 денари. Повеќе не ми се даваат п.с Смешно е, ама негде на форумов видов дека некоја се прскала со локална анестезија. Од каде тоа, сите да си набавиме!
Еј ств тоа со анестезијата е добро И мене ме интересира тоа хаха мислам дека ми треба како за прв пат