Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимна депилација

Дискусија во 'Тело' започната од jasmin, 11 ноември 2009.

?

Како ја депилирате интимната зона?

  1. Дома, со восок

    292 глас(а)
    12,0%
  2. Дома, со ленти

    352 глас(а)
    14,4%
  3. На козметичар

    1.453 глас(а)
    59,6%
  4. Дома со жилет

    341 глас(а)
    14,0%
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оди на друга депилација не мора да е со топол восок, со шеќерна паста - telo/depilacija-so-sekerna-pasta-t5661/ не знам да ти кажам подетално види во темата зошто не сум била, можеш со ладен восок на таква сум била, бричот е решение за 2дена (ни толку). Можеш со Веет крема за депилирање ужасно смрди на канализација, но кога ми било итно сум се депилирала и ефикасно било, ама краткорочно не е тоа решението. Не оди на депилации често остај нека се смири и немој со брич, депилирај се со кремата нема да се сечеш ни крв да ти тече иако ќе мора да трпиш гаден мирис ама само ќе поминуваш и влакната ќе излегуваат. Чировите може да не се од честото депилирање, може да се од нечист топол восок кој го лупале истиот и на други. Дали жената има машина за прочистување? И има друга опција, да си купиш сопствен восок за 50 денари таа да го затопли само и да те депилира со свој, нема да ти потроши многу ама ќе знаеш за една употреба е барем. Тоа е најдоброто решение ја мислам, депилирање сега за сега поретко со сопствен восок за само 50 денари и раат си, а во меѓувреме со кремата Веет.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. equip

    equip Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    25
    jas sum od bt,ama studiram vo sk, pa bi ve prasala dali znaete nekoj dobar salon sto isklucivo raboti so nov vosok, redovno odam na depilacija ama zapoznaena sum deka vo site kozmeticki saloni go cedele vosokot,a uzasno mi e strav od infekcii i takvi raboti!
    [mod-kirilica:8ffzoo56][/mod-kirilica:8ffzoo56]
     
  3. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    ммм па сакам да ве прашам нешто .. кога прв пат се издепилиравте ...?
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сега последниот пат се направив со депилаторче - машинче (на препоните) и не ме болеше воопшто, а баш очекував премногу да ме боли. Повеќе ме болеше на нозете со депилаторот отколку на препоните.:D
    Инаку предходно се правев со ВИТ кремата.
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    не те болеше со депилаторот? :D ооо јас нема теоретски шанси да издржам,сум пробала ама многу тешка болка имам, добро може и до кожата е и до големината на влакната :D
    јас на козметичар после секој циклус и раат сум си, и плус почнаа да ми се изретчуваат ммм мераци :D нема поубаво чувство на средена девојка.
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Е, тоа ти викам. И јас колку очекував да ме боли, скоро сите ми кажуваат дека е болно на препоните со депилатор, и јас како што почнав со нозете ме болеше си викам на препоните ќе биде бетер. :worried:
    Ама баш напротив, воопшто не ме болеше. :)
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^^ најубаво ! терај си и свиркај си, исто и јас онака со други што сум зборела бегај бе каков депилатор за доле боли,единствено што не ме боли со тој депилатор се само рацете :clap: за мене
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    штом се спомни восок и интимна зона, ми се стемнува, немам досега направено интимна депилација, не беше баш модерна во мојата генерација досега, ама сите пораснаа, па ке морам и јас инаку како ке излезам на плажа кога под купачите ми се познава цела прашума., а со брич чеша мн. што би можела да направам пред да одма на депилација, за помалку да боли и помалку дами биди срам. навистина ми е срам да се слечам гола пред непознаа персона.
     
  9. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Јас во 8 одд :D ама шо е битно кога, кога ќе видиш дека имаш потрба издепилирај се ;)
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И јас пред да отидам првиот пат на депилација така се чувствував. Пред се ми беше страв од болката, мислев дека ќе биде болка за умирање, но не е така. Не боли толку многу, не е нешто неиздржливо, само треба да си опуштена и да не мислиш цело време на тоа дека ќе те боли. Болката не е ништо во споредба со убавото чувство после тоа, кога ќе се видиш мазна и средена.
    А за тоа дека ти е срам, верувај дека нема потреба, на нив тоа им е работа и треба да си ја завршат, виделе се и сешто. Зошто да ти биде срам, тоа е најнормална работа.
    Оди на депилација без гајле. ;)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Јас одам на козметичар оти е многу полесно и побрзо, а и нема теоретска шанса со депилатор да се прам, не постој жива сила шо ке ме натера да го напрам то а и многу е поинаква кожата со восокот оти од депилаторот растат поткожни а и тој не ги вади од корен туки ги кини.А знам дека од вит кремата можи да ти се напрај оти има јаки хемикалии. Најдобро е со восок на козметичар ама е важно да одиш кај некој што знајш дека добро работи.А во однос за нозете можи со депилатор ама восокот поуби ги вади во секој случај а и помазна кожата
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Зависи каков депилатор, има и таков што ги сече, т.е. кине до површината на кожата а има и такви што ги корнат од корен - слично како восок само што со восок правиш цела лента и поголема површина одеднаш депилираш. :)
     
  13. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Јас имам депилатор на Braun кој се едни од најдобрите, а со восокот ми е поуво оти е побрзо ама јас се прам без ленти на нозе, на козметичар ми мачкат поголема површина и вервај е побрзо а можиш ако сакаш да го напраш то и дома со восок од Силк и без ленти за побрзо туку со крпа кујнска тврда ама некој треба да ти ја тргне крпата оти сама нема да можиш вервај ми боли малку појке ама секундарно е и сите влакна излегуваат за 10 мин си готова,а депилаторот јас го земам за на одмор за таму е створен жими се :D оти со брич нема теорија
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Ааа нема шанси со брич. :) Мене и кога почнав првпат да се депилирам, па до ден денес мајка ми не ме пушта со брич - ради мое добро, зашто така се зацврснуваат влакната и се згуснуваат... :worried:
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  15. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    и јас со брич нема шанси,мн се зацврстуваат и згуснуваат.На депилација одам секој месец и мн сум задоволна, се изретчуваат и стануваат меки...во секој случај депилација :) :)

    незнам од каде си можеби и кај вас има депилација наречена шекерна, се работи со нараквици и само тебе те депилира со тој восок...:)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Од Скопје сум, секако дека има салони има и таква тема на форумов, само прашував за топлиот восок јас, на таква не сум била и ќе одам. Шеќерната можеш и дома да ја направиш, во темата има рецепт, само треба да ја погодиш смесата.
     
  17. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    ок извини што се повторив ама не прочитав од почеток :)
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Си била на шеќерна претпоставувам, ама на интимата? Цена, искуства.. ?
     
  19. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    ДДа многу е важно да ја погодиш смесата а да пазиш можиш да се изгориш убо е со шекерна оти кожата ти ја прај многу помазна, и ако пробваш дома прват со шекерна пробај на нога оти можиш да си напрајш проблем
     
  20. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    18.334
    Пол:
    Женски
    Како може да се изгори со шеќерната кога таа е ладна,се прави топче кое што се меси и се депилира со него.Има цела тема,а ти збориш за депилирање со ленти,не е исто