браво за вас девојки кои можете дома сами ја едноставно не би имала нерви и можам до пола да се направам и да се оставам затоа на козметичар со топол восок и раат сум си
Девојки јас сега прв пат ќе одам да правам интимна депилација со шеќерна паста, до сега од пусти страв само дома со крема се правев, ама не бива бре Може да ми каже некоја што веќе има искуство со тоа, колку боли, прв пат дека ќе одам сигурно повеќе ќе боли Страв ми е, ама мора.. Издржливо е нели? Утешете ме малце
Бев вчера на депилација со топол восок ужасно ме болеше скокав и цикам премногу ме болеше леелее аама можеби и зошто козметичарката не беше доволно претпазлива а мене ми беше 1 пат и ке умрев за млаку
дека ти е прва ако пред до се имаш бричено влакната потешко ке ти излегват,јас не викам никогаш страм ми е да се дерам,само се стегам ха ха ха како да те утешам епа радоста иди на крајот кога ке се видиш мазна и без одвратните влакна,и кога ке ти биди како на бебе хе хе,а цела ке се прајш или...?
Прееска бев за првпат на интимна депилација на препоните. Ме болеше многу и восокот ме гореше. Тоа е бидејќи пред тоа се поминував со крема, многу ми беше страв И плус сум имала многу јак корен така ми кажа козметичарката. Извади што можеше. Хорор
па секогаш првиот пат боли повеќе, ама следниот пат ќе ти биде упола полесно, а и влакната одма ќе ти се оретчат, ќе видиш
^ И јас имав траума Ете сега пак ќе одам ама не се појавив 2 месеца,па ги фатив со брич,и си велам ако не само препоните да ги фатам,кој ќе трпи на топлово И незнам кај да одам ,таму кај шо идев се разочарав зш наводно колешка видела еден куп влакна во восокот,и си станала им дала парите и лом ги напраила А и крв ми течеше ,едвај ја смирив кожата,нонстоп со бебешка пудра ,така да ако можете да ми преопрачате некое ок место пишете ми лп,не само за интимна туку и комплет депилација...тенкс
баш убаво некоја девојка да ни преопрача салон,зашо кај оваа шо идам-постара жена и депилира дома,значи откога се депилирам одам само кај нејзе и се напнав кога последните 2,3 пати ми коментира за некои девојки кои пред мене одеа на депилација-демек скржави биле и велеле само пола нозе,дома ќе ги досредиме пола итн..вели се стиснале за 200ден ми се иде за инает да им оставам некое влакно,па за интимната демек каква младина била со џбунови оделе па како ќе ги средела требало по 500 да им зема на таквите ваква бев,и си велам оваја сигурно и за мене оговара :geek:
Помини со памукче натопено со хидроген 3%, за секој случај да не настанат некои инфекции. Мене многу често ми крварат препоните после депилација, иако се депилирам дома со ленти, и ова ми го кажа еден доктор, а и не е некоја голема филозофија. Можеш да си ставиш и пудра во прав. Инаку јас како што пишав сама се депилирам со ленти и не ми е тешко да ги фатам влакненцата туку да ја потегнам лентата Таму едноставно не можам да се навикнам. Дури и под пазуви со машинка ми е попријатна депилацијата него ли на интима
Па цела сакам, собирам еве храброст Ама најверојатно цела, да си се опуштам убаво и плус после и со дечко ми продолжувам, мора да се средам убаво Нема шанси пак со крема или брич, ако сум решила ќе издржам
Јас за таа работа во салон ниту имам отидено, ниту планирам да одам .Не водат сметка за хигиена. Какви случаи знам какви инфекции имаат закачено
И јас си се средив тука долу. Преубаво е чувството кога си мазна. Не ми е прв пат. Порано си се средував сама, но сепак сама не можам да се депилирам толку убаво како што си сакам. Сум посетила повеќе салони, но овој каде што бев некни најмногу ми се допадна и хигиената беше на високо ниво.
исто и јас не сакам да одам по салони иако одев некое време се одкажав и сега си се депилирам самата малку ке се помацам али океј е резултатот е ист
девојки случајно налетав на оваа веб страна http://www.smoothaway.mk/ , безболна депилација со кристални хартии кои овозможуваат отстранување на влакната и пилинг , што јас сметам дека баш и не се ефикасни во отстранување влакна ... Па би ве прашала дали некоја има порачано и користено?
Значи нема ништо поубаво од тоа да отидеш у салон и за 20 минути максимум си тип топ, ако се оди редовно болката се намалува а и стравот такоџе. Јас бев најголемата кукавица за депилација на интима ама лани пред одмор видов - не видов, морав...и си викам кога можат други да издржат зошто јас да не можам... Признавам дека првиот пат рацете ми беа жива вода, мислиш на колење отидов ама се издржува и очекував дека ќе боли мноооооогуу повеќе но НЕ!
Да нема врска тоа што сакаш носи само немој некој огромни гаки да ставиш ако се правиш само на препонии носи си танга помала таака за да може да те издепелира, а ако не ти е страм може да му се слечеп цела
Преска бев на депилација , и ајде на препони сеа леле лелее!!!! Многу ме болеше и не се направив цела. Многу ме болепе и плус ме фати некоја смеа и си се изнасмеав сама со себе хахахха п.с незнам како ке ја издепилирам цела моја пријателка..
Аа тука користам брич и само брич. Вистина е тоа дека препоните ми се до колена (скоро ) ама па неможам да издржам болка и крај! Си ставам пена или гел за бричење низ цело тело и со вричот од долу на горе ... и така секој ден! Што да правам кога мразам болка и морам да одбегавам депилација со восок, депилатор...