Девојки, знаете ли каде во Скопје можам да купам парче восок за домашна депилација? По можност бел/кремаст. Слушнав тој бил подобар за интимна депилација.. Или пак да ми препорачате некоја козметичарка која што работи со нов восок за секој клиент? Доколку имам каде да купам би можела и да однесам јас парче восок. Фала и поздрав
Мене пак не ми одговара ладна депилација на интимата. Се имам зезнато еднаш- два пати и од тогаш не! Ми се појавуваат црвенила и ми излегуваат бубулички на местата каде што не се извадиле целосно влакненцата. Се депилирам со шеќерна паста, додека е топла. Убаво ми ги вади влакната, многу се изретчуваат, поспоро растат и се меки.
Сама се депилираш? Ако да- дај некое деталче плус.. на пример, од каде се купува и како се спрема. Поздрав
Еве има посебна тема за пастата што се прави дома, ќе го најдеш рецептот. telo/depilacija-so-sekerna-pasta-t5661/
Утре одам во козметички салон, на целосна депилација. Нозе, интима, препони, 350 денари. Се зачудив колку ефтино. Се надевам нема многу да ме боли.
Нов восок И многу сум задоволна како ме среди девојката. Конечно ќе носам кратко 2 недели пукнав од жешко
Мене уште ми се ежи кожата од самата помисла на депилирање со восок таму доле кај дадичката моја и засега не е лошо, со бричот си го отстранувам вишокот, ама заприметив дека почнале да никнуваат дури по 2-3 влакна од еден ист корен, мами**та нивна...
девојки јас каде што одам сум презадоволна и плус се многу чисти и со пристојни цени,башка многу се внимателни,доколку сте заинтересирани пишете ми во лп а имаат и фб па можете и слики да си ѕирнете Спојлер http://www.facebook.com/profile.php?id=100002367035015
На овој профил сликите не се гледаат доколку не ти е пријател така да не планирам ни да им пратам покана за пријателство не сакам вишок на пријатели. Која е локацијата и како се вика салонот пиши во ЛП
Јас денес бев, морав да се средам неможам така на плажа и прилично ме болеше Се правев со топол восок, убаво ме среди девојката, болеше ама се исплати сега сум си мазна како бебенце
јас одев на интимна депилација кај козметичар но дали на некоја од вас ви се има случено да имате ситни акни после депилацијата
Баш вчера се средував и тоа домче станав прилично вешта во техниката хахахах Брич секогаш е најлесен начин ама се нервирам од после кога ќе почнат да растат уште повеќе. Иначе не се депилирам целосно односно секогаш оставам по малку ...не знам онака целосно не ми прави кеиф некако ептен малолетно се осекам А за тоа дали ленти или восок.хмммм восок подобро ги фаќа влакната. Кога се депилирам обично го правам тоа попладне 5 -6 саат зошто имам читано дека тогаш најмалку боли...поткожни ретко имам ама си правам благ пилинг со шеќер, млеко и една лажица зејтин на препоните и напред и сум топ
Да го пофалам моето искуство? или не =) Значи за прв пат собрав храброст да се депилирам на интимата, и тоа и кажав на девојката прво да проба на препоните ако не ме боли да продолжи ако ме боли многу да биде само толку .. ии стегав заби раце нозе и што ли уште бев преплашена до бескрај имав многу страв во мене насобрано но издржав(и јас незнам како изгледа до аналгинот е што го испив пред да ме делириаат ) ии заврши тоа а да напоменам ме депилираше со топол восок ама чоколаден .. се одлепуваше со прст не со ленти или крпички .. ии сега имам друг проблем .. ми изби црвенило и ситни брунки но и ме боли целото место кај што сум депилирана неможам да го допрам .. а и веке 3 дена поминаа не мине некој совет ? Што да ставам да помине ??